понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

ЕСЕ: Постапките на собирање и трошење на парите наменети за справување со Ковид-19 се нетранспаретни

ЕСЕ: Постапките на собирање и трошење на парите наменети за справување со Ковид-19 се нетранспаретни

Процесите на прибирање и трошење на средствата наменети за справување со пандемијата на Ковид -19 се нетранспаретни, а малкуте достапни информации се конфузни, се наведува во истражувањето спроведено од здружението „ЕСЕ“.

Оттаму посочуваат дека Министерството за здравство на три сметки прибира финансиски донации, но оти нема отчет од каде се обезбедни средствата и како тие се потрошени.

– Дополнително, Министерството прима и материјални донации за кои нема информации кој, во која количина и која вредност ги обезбедил, како и на кој начин тие се дистрибуирани во јавниот систем. Информациите кои се јавно достапни се конфузни, нецелосни и нејасни. На сметката за поддршка за справување со коронавирусот на Министерството за здравство, заклучно до 6 мај 2020 година прибрани се 2.9 милиони евра, а пак според информациите објавени од еден македонски медиум на 8 април 2020 година, Министерството за здравство обезбедило 67.7 милиони евра во облик на донации и грантoви, се наведува во денешното соопштение од ЕСЕ.

Од здружението велат дека нема ниту еден податок како функционира и Фондот за поддршка што го формираше Владата за справување со кризата предизвикана од Ковид 19, односно колку средства се прибрани и потрошени.

– Интервентните набавки и нејасноста на информациите за спроведување итни набавки ја доведуваат во прашање оправданоста и економичноста на овие постапки, а Владата на РСМ ја прават нетранспарентна. Континуирано се набавуваат големи количини на заштитна опрема. Во меѓувреме Владата на РСМ добива континуирани донации на вакава опрема од различни донатори, а во државата речиси четвртина од заболените од Ковид -19 се здравствени работници и од нив четвртина се заболени во здравствени установи. Овие резултати водат кон повеќе прашања, и тоа: дали Владата на РСМ има направено проценка на потребите за заштитна опрема и дали дистрибуцијата на заштитната опрема одговара на реалните потреби, велат од ЕСЕ.

Вонредната состојба и Владата, сметаат од ЕСЕ, им овозможила и на јавните институции самостојно, итно и нетранспарентно да вршат прераспределба на 70 проценти од средствата во нивните буџети.

Парламентарни избори 2020