сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Епидемиолошката состојба влошена, а власта спроведува попис со над 25.000 попишувачи низ домовите

Епидемиолошката состојба влошена, а власта спроведува попис со над 25.000 попишувачи низ домовите

Додека власта предводена од премиерот Зоран Заев игра византиски игри во Собранието на Македонија, а земјата нема се уште ниту една вакцина набавено, околу 25 илјади попишувачи ќе ги посетуваат домовите низ Македонија дополнително ставајќи ги во ризик по сопственото здравје граѓаните.

Заев и власта предводена од СДСМ го загрозуваат здравјето на граѓаните додека секојдневно имаме огромен број на новозаболени само во текот на вчерашниот ден над 800 власта ќе пушта околу 30 илјади попишувачи по домовите.

Во тој контекст, пратеникот Тимчо Муцунски во однос на пописот истакна дека попис на Македонија и е неопходен, но дека постои се уште време и можност тој да се одложи за некој период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба и кога ќе може да се гарантира за здравјето на граѓаните.

-Не можеме да го оспориме фактот дека одредени дејствија почнаа да течат тоа е едн метод на електронско попишување на дијаспората, но теренското попишување на резидентното население сеуште не е почнато. Што значи дека ние сеуште сметаме дека постои време и простор пописот јас би рекол да се одложи. Тоа е легитимната и реалната теза во моментов. Во момент кога имаме очигледен трет бран на оваа пандемија во момент кога Македонија нема доволно вакцини за своите здравствени работници дали е нормално повеќе од 25 илјади луѓе да одат на терен ширум домовите во Македонија и потенцијално да бидат тие кои што уште повеќе ќе ја прошируваат оваа пандемија, нагласи Муцунски.

Муцунски истакна дека примарната причина заради која што смета дека треба пописот да се одложи за следната година пред се е епидемиолошката состојба и грижата за здравјето на граѓаните.

-Примарната причина заради која што сметаме дека треба пописот да се одложи за следната година како што направија многу земји од европскиот континент, земји од регионот е здравствениот фактор. Имаше опција која што ние ја понудивме бидејќи се согласуваме дека на Македонија насушно и е потребен попис, доколку сакавме во еден ваков кризен период да го направиме тој попис можеше тоа по електронски пат да се направи што значи ставот кој што јас го гледам во моментов е доста конзистентен има сеуште време пред да почне попишувањето на резидентното население владата да се освести дека не е сега период да се направи попис, граѓаните се загрижени, како некој ќе влегува во нивните домови, дали тие ќе се доволно безбедни. Да бидеме рационални да попис ни треба, можеме да дискутираме за методологијата но дајте тој попис да го одложиме за некој период кога ќе се подобри епидемиолошката состојба и кога ќе можеме да гарантираме за здравјето на граѓаните, истакна Муцунски.

Коронавирус