недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Епидемиолошката состојба се влошува, а во Македонија нема ниту нови мерки, ниту вакцини

Епидемиолошката состојба се влошува, а во Македонија нема ниту нови мерки, ниту вакцини

Епидемиолошката состојба од ден на ден се влошува, а тоа го покажува и бројот на активните случаи кои во последните три недели е зголемен за над 2.000 или над 40%, а и бројот на пациенти на кои им е потребна хоспитализација на дневна основа достигна до нивото на кое што беше во пикот пред два месеци.

Во ваква ситуација кога е потребно што подобро да се менаџира со ситуацијата за истата да не ескалира, Комисијата за заразни болести во понеделникот го откажа редовниот состанок кој се одржува секој понеделник и кој се разгледува состојбата со здравствената криза и се одлучуваат идните мерки и чекори со цел држење на пандемијата под контрола.

Причините за одложување на овој состанок не се јасни, а истиот сѐ уште не е оддржан.

Со ваквата негрижа на надлежните се остава вирусот да се шири со застрашувачка брзина особено откако во земјава беше потврден и британскиот сој на коронавирус кој за многу кратко време и не превземањето на никакви мерки успеа да се прошири до тој степен што над 70% од новозаразените се токму од оваа форма на КОВОД-19, а имајќи во предвид дека истиот се шири 70% побрзо од класичната форма на вирусот, може само да се предвиди колку сега кога е толку распространет ќе биде тешко истиот да се стави под контрола и колкава штета ќе предизвика.

Толку лоша не е ситуацијата во Србија каде иако оваа форма на вирусот била присутна од декември истиот до сега се наоѓа кај 30% од новозаразените што е далеку подобро од Македонија каде оваа форма е присутна кај 70% од новозаразените, но и покрај што во Србија ситуацијата е подобра, а и имунизацијата на населението е во тек, сепак тамошните медицински стручни лица и Кризниот штаб бараат затворање на сѐ освен аптеките, продавниците и бензинските пумпи.

Во Македонија пак иако ситуацијата е повеќекратно полоша во секој аспект сѐ уште не е донесена ниту една мерка за заштита. Најлошо во целата ситуација е тоа што Владата не е способна да набави вакцини, а таквото доцнење кошта човечки животи.

Сите најави од страна на надлежните за пристигнување на вакцините досега се покажаа како неточни. Во државата до крајот на февруари требаше да пристигнат 200 илјади дози од кинескиот производител „Синофарм“ но од страна на Министерството за здравство беше објавено дека е повлечен авансот кој беше уплатен за набавка на истите на барање на кинеската страна поради усогласување на документацијата, а моментално не се знае кога би пристигнала првата пратка вакцини.

Коронавирус