понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Епидемијата никако да запре: Регистрирани 105 нови случаи со морбили

Епидемијата никако да запре: Регистрирани 105 нови случаи со морбили

Доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство, денеска информираше за актуелната состојба со морбили во државата.

– Заклучно со денешниот ден се регистрирани вкупно 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата. Вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти. Ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години, посочи д-р Караџовски.

Во однос на најновите 105 случаи потенцираше дека 77,1% се невакцинирани лица, вакцинирани само со една доза или лица за кои воопшто нема податок за вакцинален статус.

– Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата, истакна д-р Караџовски.

Инаку, од медицинскиот персонал досега се вакцинирани вкупно 1.246 здравствени работници.

Коронавирус