среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Епидемијата на морбили се шири

Епидемијата на морбили се шири

Морбилите се раширија и надвор од Радишани. Во Институтот за јавно здравје потврдени се уште 2 нови случаи со мали сипаници, јавува телевизија Сител.

Заразени се 2,5 годишно дете од Куманово и жена на 32 годишна возраст од Шуто Оризари. Не биле вакцинирани со МРП и немале контакт со претходно заболените 7 лица од кои 6 деца од градинката Ташко Караџа.

Епидемиолозите од кумановскиот и скопскиот Центар испитуваат дали има и други жаришта на морбили во земјава.