недела, 15. септември 2019. Вести денес: 76
home Вести

Епидемија на жолтица во Ново Село во ек на претседателски и локални избори, случајност или не !?

Епидемија на жолтица во Ново Село во ек на претседателски и локални избори, случајност или не !?

Денеска по медиуми се прошири веста дека во Ново Село се регистрирани 11 пациенти, кај кои е откриен вирусот Хепатитис А. И тоа се појавило во посебното основно училиште „Климент Охридски“. Во училиштето се школуваат околу педесетина деца со попреченост, а дел од нив се сместени и во училишниот интернат.

Дали е случајност или не?

Зошто Министерството за здравство за ова молчело кога првиот случај е откриен минатиот месец, а вториот се појавил на почетокот на април? Се појавиле и нови  случаи, а меѓу нив има и една воспитувачка.

Со оваа вест се поставува прашањето дали граѓаните од Ново Село ќе излезат да гласаат, бидејќи станува збор за заразна болест и е прогласена епидемија.

Или станува збор за игра на власта бидејќи таму тие губат и на локални избори и на претседателски.

На претседателски избори кандидатот на опозициската партија има 2.989 гласачи, а владејачката партија 2.386. Односно опозициската партија за претседателски избори води за 603 гласа.

 

Додека на локални избори кандидатот на опозициската партија е во предност бидејќи го гласале 2.753 граѓани, а кандидатот на владејачката партија има 2.693 гласа. Тука кандидатот на опозициската партија е во блага предност од 60 гласа.

По загубата во првиот круг на владејачката партија од никаде се појавува жолтица односно вирусот Хепатитис А во ова населено место, дали е случајност или не треба да се одговори. Ако е случајност зошто не реагирале на време здравствените работници и самото министерство ако е точно дека истиот вирус се има појавено минатиот месец. Додека пак, ако се е игра и лага тогаш само се докажува дека владејачката партија е во паника и користат ниски потези за да ги заплаши граѓаните да не излезат на избори од страв од вирусот кој се шири.