недела, 26. мај 2019. Вести денес: 66
home Вести

Епидемија на заразна жолтица во училиште за деца со попреченост во Ново Село

Епидемија на заразна жолтица во училиште за деца со попреченост во Ново Село

Посебното основно училиште „Климент Охридски“ во Ново Село е прогласена епидемија на заразна жолтица, иформира д-р Силвана Петкоска, специјалист епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Струмица. Во училиштето се школуваат околу педесетина деца со попреченост, а дел од нив се сместени и во училишниот интернат.

-Издадовме наредба во наредните 15 денови училиштето да биде затворено, бидејќи досега се регистрирани 11 пациенти, кај кои е откриен вирусот Хепатитис А. Ваква одлука донесовме за да не се прошири болеста во установата, каде има вкупно 80 лица заедно со персоналот, вели д-р Петкоска.

Додава дека првиот случај е откриен минатиот месец, а вториот се појавил на почетокот на април. Се појавиле и нови  случаи, а меѓу нив има и една воспитувачка.

Според д-р Петкоска состојбата ќе се следи и доколку нема нови случаи на заразна жолтица се очекува училиштето да продолжи да работи по велигденските и првомајските празници. (МИА)