петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 195
home Вести

Енормно зголемување на поплаките од граѓаните, вознемирувачка состојбата за правата во правосудството, социјалната заштита и образованието

Енормно зголемување на поплаките од граѓаните, вознемирувачка состојбата за правата во правосудството, социјалната заштита и образованието

Народниот правобранител Иџет Мемети од собраниската говорница денеска го елаборираше Годишниот извештај на омбудсманот во врска со состојбите на почитувањето и остварувањето на човековите права и слободи за 2018 година.

-Поплаките на граѓаните кои ги поднесуваат и пријавуваат кај Народниот правобранител се однесуваат на состојбите со кои се соочуваат граѓаните и ова претставува добар показател за слабостите кои се воочени во повеќето области во нашето општество, вели Мемети.

Во 2018 година се обработени 4430 предмети и констатирани се 900 прекршување на слободите и правата на човекот.

-Вознемирува фактот што во 2018 година имаме пад во признавањето на препораките од страна на Народниот правобранител и тоа се бележи со вознемирувачки пад, доколку пред 2018 година сме имале прифаќање на препораките на НП од 80 -90% во случаевите, сега овој процент бележи пад и изнесува 70 %, вели Мемети.

Тој посочи дека во одредени области во 2018 година се бележи енормно зголемување на поплаките и претставките од страна на граѓаните, особено во акцент на социјалната сфера и економските права кои што се вознемирувачки факти поради зголемување на социјалниот ризик на различните категории на граѓани.

Во одредени области според Годишниот извештај на Народниот Правобранител најголеми забелешки има во следните области:

Од донесување на Законот за НП Владата само еднаш дала отчет во врска со мерките кои што пратениците ги гласаат, Мемети праша зошто владата редовно еднаш на секои 6 месеци не го информира собранието и смета дека истото треба да биде предмет на дискусија, затоа што парламентот не претседава на седници и не го искористува Извештајот на НП за да се превземаат мерки.

Во рамки на одредени области, речиси 90 проценти се зголемени поплаките и претставките на граѓаните кои се однесуваат на судството и правосудниот систем, голем проблем е нефункционирањето и неефикасноста на Управниот суд, во делот на управните спорови треба да се спроведат драстични реформи. Системот на заштита во врска со управните спорови е сосема неефективен и неефикасен и истиот е претворен во сервис на извршната власт. Потребни се радикални промени за да се решат проблемите на граѓаните во областите на работните спорови и работничките права каде поплаките на граѓаните се зголемени за 60 % во 2018 година.

Проблеми исто така има и во областа на образованието, каде се зголемени злоупотреби од страна на градоначалниците и директорите на средните и основните училишта, има многу случаи на дискриминација и злоупотреба со постапките на вработување, особено по изборите, се бележи раст во загрозување на правата на работниците на политичка и расна основа. Бројот на поплаки во 2018 година е зголемен за 77 случаи, во кои заклучени се 28 прекршувања, а прифатени се само 7 препораки дадени од страна НП што е невистина загрижувачки.

До социјалната заштита главен проблем е недостатокот на средства, не можеме да зборување за добри социјални политики, а да донесуваме само декларативни закони, а да немаме средства со кои ќе можеме да ги подржиме имплементацијата на овие закони. Ова можеби е најголем проблем кој што владата треба да го воочи на најсериозен начин, вели Мемети.

Во врска имотно-правните прашања во одредени случаи исто така имам зголемување на бројот на поплаките од страна на граѓаните. Народниот правобранител бил спречен да делува и треба да се критикува работењето на надлежното Министерство за финансии кој што со новиот начин на организирање ги одолговлекува предметите и има голема непрофесионалност и нестручност на кадрите во комисите каде што се одлучува за овие прашања а на штета на граѓаните.

Коронавирус