вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 70
home Вести

Еминентниот епидемиолог Вело Марковски влегува во Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Еминентниот епидемиолог Вело Марковски влегува во Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Во новиот извршен Комитет кој синоќа го промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најголемо изнендадување е инфектологот Вело Марковски.

Марковски јавноста најмногу го запозна изминатиов период, од почетокот на коронакризата во земјава. Станува збор за еминентен епидемиолог, професионалец во својата работа.

Во овие тешки времиња, Марковски со сигурност ќе помогне во политиката, особено со совети за здравствените политики во најтешката епидемија со која се соочила државата во изминатиов период.

Во едно од своите интервјуа Марковски говореше за тоа колку владата неподготвено и неодговорно постапува.

ПРЕСС24: Професоре на почеток сме од учебната година, а институциите се уште немаат јасна идеја како и дали ќе се одвива настава во образовниот процес. Дали не беше доволно цело лето за да се направи јасна програма како ќе учат децата?

МАРКОВСКИ: Не само цело лето, туку од самиот почеток кога се донесе одлука за затварање на училиштата мораше да се анализира и прави стратегија за следната учебна година. Значи се изгубија неколку месеци во кои стручни луѓе врз база на направени анализи и добиени резултати пред се со скрининзи на одредени групи, и евидентирање на нивото на заштитни антитела. Нашите резултати да се споредат со искуствата на европските држави. Потоа мораме да размислуваме за една реална можност, да ако има втор или трет бран вирусот да биде многу повирулентен од моменталниот кој воопшто не ги загрозува/загрозуваше најмладите. Сето ова мораше сериозно да се анализира. За жал ние не се спремавме дека пандемијата ќе потрае, туку само носевме рестриктивни мерки, единствена стратегија ни беше дека треба да издржиме, а вирусот ќе се повлече.

Коронавирус