среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 103
home Вести

Емилија Трајковска ја прифатила кандидатурата за пратеничка на местото на Невенка Стаменковска Стојковски

Емилија Трајковска ја прифатила кандидатурата за пратеничка на местото на Невенка Стаменковска Стојковски

Емилија Трајковска од листата на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата треба да ја замени пратеничката Невенка Стаменковска Стојковски до истекот на мандатот на овој парламентарен состав, откако таа беше избрана за заменик-министер во техничката Влада.

Државната изборна комисија (ДИК) добила согласност од Трајковска, по што изготвила Ивештај кој денеска ќе биде испратен до Собранието.

Потоа во редовна и предвидена постапка, како што рече на денешната седница на ДИК претседателот Оливер Дерковски, за нејзиниот мандат треба да се изјасни собраниската Комисија за политички систем и да биде верификуван на пленарна седница, по што од Државната изборна комисија ќе добие и решение.

Како што појасни Дерковски, Трајковска ќе ја извршува пратеничката функција до истекот на мандатот на овој пратенички состав на 11 февруари, кога Собранието ќе биде распуштено поради одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април. (МИА)

Коронавирус