сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Емил Димитриев во прв надзор над новата агенција за национална безбедност- за состојбата во агенцијата ќе го информираме и јавниот обвинител

Емил Димитриев во прв надзор над новата агенција за национална безбедност- за состојбата во агенцијата ќе го информираме и јавниот обвинител

Денеска бевме  во прв надзор над новата агенција за национална безбедност, ова денеска во изјава за медиумите го истакна Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Главен фокус  на денешниот надзор беше  трансферот на наредбите  за употреба на  посебнaта истражна мерка, „следење на комуникации“. Во овој дел ги погледнавме  сите наредби од моментот кога започнува новата агенција со работа. Констатиравме една ситуација  којашто треба дополнително  да ја провериме со другите  институции коишто  сметаме дека можеби ќе не доведе до фаза да го информираме јавниот обвинител да биде запознаен со ова состојба. Понатака  ги гледавме наредбите коишто се сега оперативни, ги споредивме со логовите  коишто преку  кои се внесени овие наредби,  и на  еден  начин извршивме увид во  она што значи наследување на последната истражна мерка „следење на комуникации„ и каква е состојбата во моментов  од аспект на следење на комуникации.

Коронавирус