четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Елизабета Канческа Милевска за „Вечер“: Не сум консултирана за изјавата на Емилија Александрова

Елизабета Канческа Милевска за „Вечер“: Не сум консултирана за изјавата на Емилија Александрова

Пратеничката Емилија Александрова денес даде изјава, зборувајќи во име на мнозинство, во која го осудува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој бара уште сега Собранието да ратафикува влез на Македонија во НАТО. Во осумте независни пратеници кои потекнуваат од ВМРО-ДПМНЕ спаѓа и пратничката Елизабета Канческа Милевска.

Порталот Вечер ја праша пратеничката дали се согласува со ставот на својата колешка Александрова 

„Сега од вас слушам за пресот на колешката Емилија Александрова, не сум запознаена ниту консултирана. Јас денес не бев во Собрание, бидејќи имав некој други обврски.

Секој може да доставува предлози и иницијативи до Собранието, секој може да има различен став и мислење по одредени прашања, и кога ќе ја видам таа иницијатива тогаш и би се произнела, никогаш не бегам за било каков став кога станува збор за нешто што е од суштински интерес за нашата држава, тоа е и всушност демократија“.

Воопшто не сметам дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за ратификација за членството во НАТО е за осуда, напротив тоа е само чекор поблиску до остварување на таа цел. И пред се потврда дека без поддршката од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени ова прашање, поточно членството во НАТО не можеше да се реазлизира. Мислам дека тоа прашање треба да се затвори, да се обединиме, за да можеме да продолжиме понатаму.

Овој пратенички состав направи многу во однос на реформите во насока на евроатланските интеграциии и лично сметам и ќе се залагам за тоа, дека овој пратенички состав треба да ја изгласа и да ја потврди ратификацијата на протоколот за членство во НАТО со што ќе се заокружи едно многу важно повеќегодишно круцијално прашање кое конечно се реши, а е од огромна важност за безбедноста и сигурноста на нашата држава„-изјавила таа.

Поминавме многу тежок период, вели Канческа, но мора да се гледа напред и да се допринесува во таа насока , без интриги и без лицемерие.

„ВЕЧЕР“: Вашата колешка бара оставка на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, се согласувате ли со неа?

– Немам зошто да барам оставка од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, тој на конгрес е легитимно избран претседател на ВМРО ДПНЕ, и многу е јасно кој му ја дава и кој му ја одзема довербата. Кој и како се однесувал претходно, кој што говорел и кој постапки ги превземал, ги оставам на нив лично. Мојата Поддршка и влог во евроатланските интеграции на мојата држава е голем, видлив и со резултати, искрен без никакви лицемерно однесување и залагање. Интересите на државата ми биле секогаш на прво место пред било што друго, заклучува пратеничката Елизабета Канческа Милевска во изјавата за порталот Вечер.