среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 76
home Вести

Елитните телохранители од швајцарската гарда се присутни на секое негово патување

Елитните телохранители од швајцарската гарда се присутни на секое негово патување

Елитните телохранители се присутни на секое негово патување и се во првиот прстен на обезбедувањето. Припадниците на гардата го обезбедуваат папата и официјалните посети на шефови на држави, амбасадори, министри и световни власти во Ватикан.

Главната задача на швајцарската гарда е безбедноста на папата и неговите резиденции. За тоа се задолжени вишите подофицери специјално обучени за оваа задача. Областите во рамките на Ватикан кои ги контролира и обезбедува швајцарската гарда не се отворени за јавноста. Во зависност од областа, постојат места каде што дури и членовите на Римската курија немаат пристап, со исклучок на неколкумина кои имаат посебни овластувања а за кои гардистите се обучени и инфромирани да ги препознаат. Другите области во Ватикан, кои не се под контрола на Гарда, се под контрола на Ватиканската жандармерија.

Секојдневната работа на гардистите е заштитата на влезот на Ватикан и Апостолската палата. Тие се задолжени за контрола на влезот Ватикан а имаат секојдневни церемонијални должности како што е смотра на поечсната гарда. За време на аудициите и мисите, членовите на гардата се поставени на самите влезови од каде ги надгледуваат учесниците и гостите. Според интерниот протокол две третини од гардистите се задолжени за редовните дневни активности и обврски, додека помладите членови тоа го правата повремено и во меѓувреме задолжително го учат италијанскиот јазик.

Коронавирус