петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 123
home Вести

Демант од ЕЛЕМ: Во РЕК Битола не може да влезе никој кој не е вработен во АД ЕЛЕМ

Демант од ЕЛЕМ: Во РЕК Битола не може да влезе никој кој не е вработен во АД ЕЛЕМ

Од АД ЕЛЕМ реагираат на објавата на КУРИР „ИМА РАЗЛИКА: Мицкоски со работниците во РЕК, Заев на црвен тепих“, тврдејќи дека објавената фотографија од Христијан Мицкоски во посета на РЕК Битола била стара една година и била направена во времето кога Мицкоски бил директор на АД ЕЛЕМ.

-Ве информираме дека во комбинатот не може да влезе никој кој не е вработен во АД ЕЛЕМ и нема одобрение за влез од раководството, а наведеното лице по завршувањето на неговиот мандат во август минатата година нема влезено во РЕК Битола, се вели во демантот од АД ЕЛЕМ.

 

Коронавирус