среда, 12. мај 2021. Вести денес: 7
home Вести

ЕЛЕМ: Условите во тендерот за ископ на јаглен овозможуваат конкуренција на сериозни фирми

ЕЛЕМ: Условите во тендерот за ископ на јаглен овозможуваат конкуренција на сериозни фирми

АД ЕЛЕМ ја информира јавноста дека условите во тендерот за ископ на јаглен во РЕК Битола гласат „Економскиот оператор во последните 3 години да има извршено ископ на најмалку 900 илјади тони јаглен или 1 милион м3 јаловина (земјени или карпести маси) или руда”, било каков вид.

-Доказ за тоа е документот приложен во овој меил, каде јасно се гледаат наведените услови. Условите во тендерот овозможуваат поголема можност за пријавување на што повеќе економски оператори, а од друга страна, условите се и натаму доволно ригорозни да овозможат пријавување само на фирми кои имаат технички и кадровски капацитет и референци за изведување на одговорна задача, како што е ископот на јаглен во РЕК Битола, од што зависи стабилноста на производствениот процес на електрична енергија за потребите на Р.Македонија. Сакаме да нагласиме дека ВМРО ДПМНЕ неколку дена и дава на јавноста неточни информации и лажни конструкции во врска со јавни набавки во РЕК Битола, кои се демантираат со документацијата која АД ЕЛЕМ и вчера и денеска ја става на увид на целата јавност и исто така на опозицијата, стои во реакцијата на ЕЛЕМ.

Коронавирус