понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 177
home Вести

Елем станува ЕСМ, Македонска пошта станува Пошта на Северна Македонија: Ова се новите имиња на институциите

Елем станува ЕСМ, Македонска пошта станува Пошта на Северна Македонија: Ова се новите имиња на институциите

И официјално, информативната агенција МИА, потоа ЕЛЕМ и „Македонски пошти“, добија нови имиња, и Владата откри како во иднина ќе се нарекуваат. Тоа го усвоија на денешната 126-та седница.

„На денешната владина седница беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој новиот назив на АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), новиот назив на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), и новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.

Во таа насока, се усвои и предлог одлука за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија со која се преименува во Електрани на Република Северна Македонија, АД ЕСМ Скопје.“, соопштија од Владата.

Најнови вести

Локални избори 2021