недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

ЕЛЕМ контра ДКСК: Се уште нема отказ за синот на Мира „Дизел“

ЕЛЕМ контра ДКСК: Се уште нема отказ за синот на Мира „Дизел“

По повод одредени медиумски написи, АД ЕЛЕМ информира дека нема добиено известување од Антикорупциската комисија дека е донесен заклучок во врска со случајот на вработување на работникот Виктор Стојчевски. Додека таков заклучок не произлезе, компанијата не може да одговори на прашања за пропусти, без да биде утврден пропуст.

Во конкретниот случај за кој прашувате, се бараше приправник, односно работник за почетничко место. Од сите кандидати, избраниот кандидат имаше најсоодветно образование за работните задачи кои е планирано да се побаруваат во иднина од тоа работно место (на компанијата и е потребен геодет, со оглед на тоа што почнува неколку проекти од областа на обновливите извори на енергија, кои бараат примена на нови технологии и обезбедување подлога, документациска и теренска, за нивно инсталирање). Другите двајца кандидати беа со машински и електро-технички факултетет.

Исто така, проценето е и дека ангажирањето на млад кадар кој неодамна завршил со своето високо образование е најдобро решение со оглед на тоа што 70% од вработените во компанијата се над 50 -годишна возраст, така што една од обврските на секој менаџмент е да обезбедува одржлив кадровски развој. Другите двајца кандидати имале работно искуство од 10 и 20 години, што во конкретниот случај не соодветствувало на определбата на ЕЛЕМ да инвестира во млад кадар, кој ќе биле обучуван според стандардите и потребите на компанијата.

Ранг-листа како документ не е предвидена според Законот за работни односи, затоа, заради информирање на јавноста, овде описно е изнесено како е извршен изборот.

Исто така, информираме дека не бил вршен никаков притисок по однос на конкурсот за ова работно место, стои во соопштението на АД ЕЛЕМ.

Претходно Комисијата за спречување на корупција утврди неправилност при вработувањето на синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска.

Синот на Стојчевска не ги исполнил условите што биле предвидени со конкурсот за вработување.

Неправилности имало и кај дел од вработувањата на другите роднини на функционери. Според најавата, овие предмети треба да бидат целосно завршени следната недела.

Коронавирус