вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 45
home Вести

„ЕЛЕМ и МЕПСО станаа приватни партиски подружници за партиско вдомување“

„ЕЛЕМ и МЕПСО станаа приватни партиски подружници за партиско вдомување“

Во делот на правната држава создадоа вистинско чудовиште, Левијатан кој ја проголтува среќата на луѓето и правдата. Имаме неправда и несигурност, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од партиската конвенција во Струга.

Мицкоски потенцираше дека државните претпријатија ЕЛЕМ и Мепсо наместо енергетски гиганти станале приватни партиски подржуници за партиско вдомување.

-Ако се пожалите за конфликтот на интереси во државните институции на пример во антикорупциската комисија таму ќе ве пречека баџанакот на претседателот на собрание. Па не се боревме и не се надевавме на ваква држава. Имаме поделено општество. Тие го создадоа тоа. Не делат на оние кои се против договорот и оние кои не се. Велат они биле европските политичари, а другите антизападни, не поделија по најситни основи, на табори за и против за директор на средно училиште во Скопје, на ваксери и оние кои се против и на што уште ли не. Е Вака не оди, вака не бива. И вака нема да не биде, подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Алтернативата која во овој момент ја нудат за кандидат за претседател всушнос и не е алтернатива. Најсериозен кандидат им е човекот кој е пишувачот на колективната неправда содржана во оној срамен договор. Човекот кој доживеа дипломатски дебакл и прифати се што значи грчка позиција, кој не го сочува Уставот, а сега ќе ја чувал државата. Другиот е пак оној џелат на неправдата кој полицијата ја користи како своја приватна подржуница. Кој нема ниту еден нерасветлен посериозен криминал. И третиот посериозен кандидат е оној веќе еднаш загуби на претседателски избори и кој знаеме какви навреди изговараше за граѓаните.“

Коронавирус