среда, 22. мај 2019. Вести денес: 4
home Вести

ЕЛЕМ: Дефект на трафостаница на МЕПСО причина за испадот на блок 3 во РЕК Битола

ЕЛЕМ: Дефект на трафостаница на МЕПСО причина за испадот на блок 3 во РЕК Битола

Причина за испадот на третиот блок на РЕК Битола е експлодиран струен мерен трафо на 400-киловолтниот далновод кон Скопје во трафостаницата Битола – 2 на МЕПСО, информираат од АД ЕЛЕМ.

– Зради тоа, во 1:33 часот е исфрлен бочниот прекинувач за заштита на блок 3, со што дојде до испад на блокот. Блокот е синхронизиран во 11:49 часот со електроенергетскиот систем и повторно е пуштен во функција, соопшти ЕЛЕМ.

Во меѓувреме, како што посочуваат, електрична енергија за тарифните потрошувачи беше обезбедена од другите производни капацитетите и немаше прекин или недостаток во снабдувањето.