сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 48
home Вести

Ел Чека ги повикува Зијадин Села и Билал Касами да се приклучат на протестот на 26-ти јули

Ел Чека ги повикува Зијадин Села и Билал Касами да се приклучат на протестот на 26-ти јули

Објавувачот на прислушкуваните разговори, Шеќерим Ахмети, во јавноста познат како „Ел Чека“, преку својот профил на Фејсбук, со пријателите и неговите поранешни другари ги повикаа лидерите на албанските опозициски партии Зијадин Села и Билал Касами да се приклучат на повиканиот протест кој треба да се организира на 26 јули пред Владата во Скопје, пренесува Журнал.

-Јас како организациски совет на протестите заедно со сите совети кои ние ги формиравме во цела Северна Македонија ги повикуваме Зијадин Села и Билал Касами (Алијансата и Беса) дека на 26.07.2019 во 14:00, петок ќе одржиме протести во Скопје пред Владата на С.М. и пред Парламентот. На секој протест кој ќе го организираме да бидат присутни заедно со нивните членови, и да не молчат. Молчењето е криминал и на секој протест што ќе го оржиме да бидат присутни заедно со нивните членови. Протестите се национални. Редот е на партиите да го поддржат народот. Оние кои не го поддржуваат не се со народот. Секој протест надвор од овој е национална поделба, напиша Шеќерим Ахмети познат како Ел Чека.