четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 99
home Вести

Екстаза во Грција по изјавата на Заев во која потврди дека ќе има промена на името

Прототема пренесува  „Премиерот на Скопје: Ние сме спремни да прифатиме име со географска одредница“. Во понатамошниот текст Прототема пишува дека “владата во ФИРОМ донесе одлука за промена на името на автопатот и аеродромот, а премиерот прифати географска одредница во името на државата“.
Екстаза во Грција по изјавата на Заев во која потврди дека ќе има промена на името

Медиумите и јавноста во Грција се во екстаза по изјавата на Заев со која потврди дека ќе има промена на уставното име на Македонија.

CNN Грција пренесува: „Ние сме спремни да прифатиме географска одредница во името на нашата држава. Јавноста е целосно информирана, решението е можно, и се преговара за да се изнајде решение, вели владата во Скопје. На средбата во Давос на двата премиера Зоран Заев и Алексис Ципрас за прв пат по две декади, се отпочна процесот за изнаоѓање решение, за отворените прашања помеѓу Грција и Македонија, како две соседни Европски Држави„.

Порталот Мигнату пренесува дека „Македонскиот премиер, Зоран Заев пред неколку моменти изјавил дека неговата земја е спремна да прифати географска одредница во името“. Како победа на грчката дипломатија ја оценуваат и промената на имињата на аеродромот и автопатот.

Порталот Трибун, пак, вели „Откако го оствари ветувањето за промена на името на аеродромот и автопатот во Скопје, Зоран Заев овој вторник премина во акција и изјави дека Македонија е спремна да прифати географска одредница во името“.

Прототема пренесува  „Премиерот на Скопје: Ние сме спремни да прифатиме име со географска одредница“. Во понатамошниот текст Прототема пишува дека “владата во ФИРОМ донесе одлука за промена на името на автопатот и аеродромот, а премиерот прифати географска одредница во името на државата“.

По вчерашното интервју на Коѕијас за Euronews, Заев експресно одоговори на обвинувањето дека додека грчката влада ја припрема јавноста за решение за името, македонската влада не го прави истото. Заев одговори со одлуката на владата за промена на името на аеродромот „Александар Велики“ во „Меѓународен аеродром Скопје“ и автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“. Најшокантно за македонската јавност, беше изјавата на Заев во која тој вели дека за Македонија е прифатлива географска одредница за името.

По штурото соопштение на владата, Заев ги отвори картите и го обелодени договореното во Давос со грчкиот премиер Ципрас на заедничката прес конференција со  европскиот амбасадор Жбогар. На прес конференцијата Заев истакна дека е оптимист, а со најавата за географска одредница го потврди ставот дека владата нема црвени линии.

Коѕијас вели дека Грција прифатила зборот Македонија да биде дел од решението за името. Решението ќе биде ерга омнес за севкупна употреба, со промена на македонскиот устав за усогласување на македонскиот устав со меѓународниот договор кој ќе биде потпишан. Во Давос според Коѕијас, Ципрас со Заев се договорил и за идентитетските прашања. Иако Коѕијас не одговори директно што е договорено, но ќе се преговара и за идентитетот и за јазикот.