вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

Експресно и без дискусија во Собранието: Помина првото читање на Законот за државни службеници, се спрема чистка во јавниот сектор и целосна партизација

Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со отсуството од Собранието, тогаш ваките и други штетни закони ќе продолжат да се носат со експресна брзина од пратениците на СДСМ и ДУИ.
Експресно и без дискусија во Собранието: Помина првото читање на Законот за државни службеници, се спрема чистка во јавниот сектор и целосна партизација

Злоупотребувајќи го отсуството на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието, парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ денес во експресна процедура го помина предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за административни службеници во прво читање.

Законот е подготвен од Дамјан Манчевски, долгогодишен потпретседател на СДСМ, а моментално е министер за информатичко општество и јавна администрација.

Со измените на законот, ќе се намалат критериумите за влез во јавниот сектор, со што ќе се создадат претпоставки за масовен влез на партиските војници на СДСМ во јавната администрација.

Воедно, ќе се променат условите за напредување во службата, со што ќе се овозможи масовна чистка на професионалците и способните кадри во јавниот сектор, со нивно деградирање и разрешување.

Истовремено, со измените кои ги предлага СДСМ и нивниот министер, ќе се создадат услови за скандалозно брзо напредување на кадрите на СДСМ во јавниот сектор, со што ќе се загуби секој критериум и европските стандарди.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ продолжи со отсуството од Собранието, тогаш ваките и други штетни закони ќе продолжат да се носат со експресна брзина од пратениците на СДСМ и ДУИ.

СДСМ и ДУИ го користат отсуството на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието, денес имаа седници со 41 точка и закони, а за утре се најавени рекордни 5 собраниски седници

Пратениците на СДСМ и ДУИ го користат отсуството на нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието и експресно носат законски измени кои се на штета на граѓаните. За утре се најавени рекордни 5 собраниски седници.

Денеска во Собранието, коалицијата на СДСМ и ДУИ во рекордно време ги поминуваше точките од Дневниот ред. На двете денешни седници коалицијата на СДСМ и ДУИ имаше вкупно 41 точка и закони на дневен ред, односно 27-мата седница со 33 точки и 22-та седница со 8 точки на дневен ред.

Само во текот на 1 (еден) ден, собраниското мнозинство речиси без никаква дискусија помина многубројни измени на законите, некои од нив крајно штетни и неповолни за граѓаните, за кои ќе им требаа околу 2 месеци доколку во Собранието беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се некои од законите и точките кои денес набрзина ги поминаа СДСМ и ДУИ, злоупотребувајќи го отсуството на ВМРО-ДПМНЕ:

♦ Закон за акцизите со кои поскапува дизелот

♦ Именување на јавен обвинител кој ќе биде нова продолжена рака на СДСМ во политичкиот прогон кон стотици членови на ВМРО-ДПМНЕ

♦ Закон за амнестија (прво читање) со кој ќе се ослободат илјадници лица кои се осудени за разбојништва, кражби, насилство, продажба на дрога и други кривични дела

♦ Законот за административни службеници (прво читање) со кој СДСМ ќе направи чистка на стотици и илјадници кадри во јавниот сектор, а преку ноќ ќе ги унапредува партиските војници на СДСМ во институциите

♦ Скандалозниот избор на Венко Филипче за министер за здравство и многу други точки

На тој начин, преку отсуството на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието, СДСМ и ДУИ преку ноќ ги поминуваат своите клучни проекти, без притоа овие теми подолго да се дебатираат и објаснуваат во јавноста.

Коронавирус