сабота, 28. март 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„Експрес“: Во Крушево уапсени три лица

„Експрес“: Во Крушево уапсени три лица

Во Крушево се уапсени Драган Угриновски и уште две други лица, објавува активистот за човекови права Ицо Најдовски, пренесува порталот „Експрес“.

Тие утринава од страна на полицијата биле однесени во Прилеп и во Македонски Брод. Најверојатно се сомничат за организирање протести на Мечкин Камен.

Според други активисти не им било кажано зашто се приведени.

-Сега зборував со Драган Угриновски. Се наоѓа во полициска кола и фашистите го носат во прилепската полиција. Има уште двајца, Зоран и Рубин, нив ги носат во полиција во Македонски Брод.
Илинден 1936, Крушево!, пишува Најдовски.