вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 177
home Вести

ЕКСПРЕС: Се случил ли во Драчево нов случај ,,Саздо” и ,,Мартин Нешковски”?

ЕКСПРЕС: Се случил ли во Драчево нов случај ,,Саздо” и ,,Мартин Нешковски”?

Граѓански активисти на социјалните мрежи обвинуваат дека во Драчево минатата недела се случил инцидент во кој со ножеви биле нападнати две лица, напаѓачот е близок на моќник близок на власта а јавноста се уште не е информирана за поднесена кривична пријава, пренесува Експрес.

“Пред два дена во кафе бар во Драчево се избодени со нож две лица, сопственикот и негов другар, за банална причина, “пушти српска музика”, и во ниеден билтен или вест не се кажува пошто извршителот е син на човек близок до власта, а сопственикот се бори за живот”, објави на Твитер активистот кој од страв од одмазда не го открива својот идентитет.

Тој открива дека притоа насилниците откако биле набркани од толпа луѓе избегале во полициската станица во Драчево да се заштитат и сеуште нема кривична пријава за никого.

Во билтенот на МВР информацијата за настанот што се случил на 7 октомври е објавена дури на 10 овој месец.

Според МВР ,,Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Е.Р.(23) и А.Т.(21), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство”. На 07-ми овој месец во 22.30 часот во кафе бар на улица „Иван Хаџи Николов“ во Скопје, додека сопственикот Д.С. седел со лицето А.П, дошле пријавените Е.Р. и А.Т. и физички ги нападнале, при што на Д.С. и на А.П. им се нанесени и повреди со нож во пределот на градниот кош. Нападнатите се здобиле со тешки телесни повреди, по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. По настанот, сторителите биле приведени и задржани во полициска станица”.

МВР во своето соопштение вели дека е поднесена кривична пријава за насилство а не за обид за убиство.

Слично како во случајот “Саздо” каде напаѓачите кои го избодеа Никола Саздовски со нож до смрт првично добија кривична пријава за насилство која откако тој почина беше преименувана во убиство извршено на свиреп начин.

Со двоневното доцнење на информацијата за инцидентот во Драчево, МВР отвара дилеми кај јавноста дали во овој случај се прекршени правилата и дали е направен обид за заштита на сторителот кој според активистот е син на човек близок на власта.

Со објави на социјални мрежи беше откриено дека МВР се обидело да го забошоти убиството на Мартин Нешковски а со помош на информации од Фејсбук во јавноста беше откриена целата вистина за убиството на младиот комита Никола Саздовски.