сабота, 4. февруари 2023. Вести денес: 85
home Вести

„Експрес.мк“: Ахмети и ДУИ прогласија 800.000 луѓе за непријатели на Албанците, меѓу нив и многу Албанци (ФОТО)

„Експрес.мк“: Ахмети и ДУИ прогласија 800.000 луѓе за непријатели на Албанците, меѓу нив и многу Албанци (ФОТО)

Ако се пресмета бројот на луѓето кои што лидерот Ахмети и партијата ДУИ ги обвинија за непријателство кон Албанците се доаѓа до најмалку околу 800 илајди граѓани кои секојдневно ги гледаат програмите на Алфа ТВ и Телма, пишува порталот Експрес.мк.

Ахмети на партиски состанок на ДУИ а потоа и самата партија преку соопштение ги обвинија и телевизиите и гледачите на Телма и Алфа дека се непријатели на Албанците без притоа да водат сметка дека меѓу тие луѓе има и Албанци.

Според мерењето на бројот на гледачи на националните телевизии од американската агенција АГБ Нилсен на 15-ти јануари на пример Алфа и Телма биле гледани од околу 780 илјади луѓе.

Од нив Алфа дента ја гледале околу 418 илјади граѓани, а Телма околу 360 илјади, стои во текстот на порталот.

Тоа значи дека според математиката на Ахмети околу 90 проценти од луѓето што излегуваат на избори во последниве неколку изборни циклуси се непријатели на Албанците.

Меѓу нив најмалку десетици илјади гледачи се Албанци кои според ДУИ се непријатели на Албанците односно на самите себе си.

Ахмети и ДУИ се уште не се извинуваат на јавноста, на Телма и на Алфа за грубиот напад врз двата национални медиуми и врз слободата на говорот.

ДУИ сега неуспешно преку соопштенија и дополнителни изјави се обидува да ја поправи грешката направена од Ахмети која што е една од најголемите откако партијата се трансформираше од милитантна организација во политичка партија.

Во Мала Речица очигледно не им е јасно дека без искрено и јавно извинување до граѓаните, Алфа и Телма партијата ќе добие уште повеќе непријатели од тие што ги има сега.