понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Ла верита“: Камбер и Јашар гласале за ВМРО, цела фамилија да се исфрли (ФОТО)

„Ла верита“: Камбер и Јашар гласале за ВМРО, цела фамилија да се исфрли (ФОТО)

Материјалите што ги објавува италијанскиот весник Ла Верита содржат индиции за сериозно прекршување на Изборниот законик.

Во еден од документите кои се објавуваат а кои ги има и обвинителката Вилма Русковска стои и името на братот на лидерот на СДСМ Зоран, Вице Заев во контекст на одмазда кон лица кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ изборите, пренесува експрес.мк.

Според Ла Верита некој од криминалната група во која се четворица луѓе бара од некаде, најверојатно од работа, да се исфрлат семејствата на Камбер и Јашар.

Причината е што не гласале за СДСМ.

Членовите на криминалната група според Ла Верита се добро познати лица кои цели 6 години на необјаснив начин се заштитени и не одговараат за својот криминал.

Кои се З.З., В.З., М.Д. и З.Г. од криминалната група што ја објавува Ла Верита 

Во видеото со докази за македонски изборен криминал италијанскиот весник Ла Верита, објавени се дел од Посебни Истражни мерки од кои се гледа како Зоран Заев, Вице Заев, Марјан Даскаловски и Зоран Георгиев од Јавното Претпријатие Комуналец Струмица, купувале гласови за избори.

Според Ла Верита обвинителството кое го раководи Вилма Рускоска го има целиот предмет, но за чудо, сеуште не го процесуира до судот.

https://www.laverita.info/compravendita-di-voti-in-macedonia-fascicolo-sul-premier-caro-allue-2644908052.html

Лицето Зоран Георгиев од ЈП Комуналец Струмица е сопруг на Лорета Георгиева, која со ургенција на Заев стана член на Републичкиот Судски Совет а во Струмица овие две семејства важат за лични куќни и партиски пријатели на Заев.

Лице со истото име и презиме Марјан Даскаловски кое го споменува Ла Верита е член на СДСМ а бил пратеник од изборна единица четири.

Даскаловски бил член на собраниската Комисија за уставни прашања, член на
Законодавно-правната комисија, член на
Комисијата за одбрана и безбедност, и други комисии.

Во моментов лице со ова име и презиме е директор на Централниот регистер во Струмица.

Во видеото на Ла Верита се читаат делови од ПИМ мерки во кои се откриваат како течел изборниот поткуп со конкретни чекори на осомничените.

https://www.laverita.info/compravendita-di-voti-in-macedonia-fascicolo-sul-premier-caro-allue-2644908052.html

ИЗВОР: ЕКСПРЕС.МК