четврток, 4. јуни 2020. Вести денес: 141
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ЕКСПЕРТИТЕ СОГЛАСНИ: Законот за ЈО е изгласан нелегално, со криминал го покриваат криминалот на високите функционери на СДСМ

ЕКСПЕРТИТЕ СОГЛАСНИ: Законот за ЈО е изгласан нелегално, со криминал го покриваат криминалот на високите функционери на СДСМ

Законот за Јавно обвинителство има за цел да го покрие криминалот и корупцијата на високите функционери од актуелната власт, оценува универзитетскиот професор и аналитичар Александар Даштевски во изјава за КУРИР.

Според него, власта го криеше овој закон во фиока бидејќи сакаше на местото за организиран криминал и корупција да ја стави Катица Јанева, обвинетата за „Рекет“.

-Видовме како беше донесен законот за ЈО. Најважно е што јавноста дозна дека со него сака да се покрие криминалот и корупцијата на високите функционери од актуелната власт, кои под изговор дека опозицијата сака да го покрие криминалот на свите поранешни функционери за кои веќе се водат постапки. Власта го криеше законот во фиока цела година, затоа што сакаше на местото за организиран криминал и корупција да ја стави Катица Јанева, па кога се случи аферата „Рекет“ повторно го повлече, за да излезе со предлог на тоа место да биде Вилма Русковска. Кога и овој предлог не помина, под притисок на меѓународната заедница беше организирана дебата на експерти, кои рекоа дека законот не е добар, треба да се изготви подобра верзија, а актуелната власт не сакаше да смени ниту еден збор, поради притисок од нејзините високи функционери за нивна амнестија, истакна тој во изјава за КУРИР.

Даштевски оценува дека претседателот Пендаровски со својот потпис докажал дека е партиски војник.

-Ако се земат предвид сите притисоци, закани и уцени кои беа правени кон пратениците и ако се земе предвид немањето на консензус за закон кој се носи со двотретинско мнозинство, не треба да нè чуди противуставното донесување на законот, силеџиски, со поништување на првото гласање, спротивно на деловникот за работа на Собранието и со повторно гласање. Претседателот на државата, покажа дека е партиски војник, а не претседател на сите граѓани, со самиот факт дека во истиот час кога беше донесен законот го потпиша, без воопшто да го разгледа законот, анализира Даштевски во изјавата за КУРИР.

Џафери дозволи да се случи театар и самоволие во Собранието

По гласање на Законот за ЈО во Собранието, кога најпрво беше поништено гласањето откако немаше доволен број на пратеници кои го поддржаа законот, па потоа на повтореното гласање беше изгласан законот, со правно толкување на оваа постапка се јави и универзитетската професорка Тања Каракамишева.

-Таљат Џафери уште еднаш во криминален поход на кршење на Деловникот на Собранието и флагрантно кршење на постапката на одлучување и гласање на закон во Собранието. Ако претседател на Собрание ја заклучил расправата и точката по која се расправало ја ставил на гласање, и ако пратениците гласале по законот, претседателот на Собранието НЕМА ПРАВО, НИТУ ИМА ДЕЛОВНИЧКО ОВЛАСТУВАЊЕ да го поништи гласањето. Дополнително што Деловникот на Собранието не предвидува ПОНИШТУВАЊЕ на веќе спроведено гласање. Во случајот со Законот за јавното обвинителство Џафери целосно ги прекршил чл. 95 и чл. 103 од Деловникот, бидејќи прво, дозволил да започне постапката на гласање и гласањето било спроведено, но откако го видел резултатот неповолен за власта одлучил самоиницијативно и самоволно да го поништи гласањето на пратениците и без никаква деловничка поткрепа да им даде право на процедурално обраќање на двајца пратеници надвор од сите деловнички процедури, анализира таа.

Каракамишева истакнува дека по заклучување на гласање и по завршено гласање, пратеник нема право да бара, ниту претседател на Собрание смее да одобри процедурално ображање на пратеник.

-Таљат тоа добро го знае, но дозволи да се случи театар и самоволие во Собранието. Ова самоволие и кршење на Деловникот на Собранието од страна на Таљат е кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување како и кривично дело несовесно вршење на службата, оцени таа.

Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање се нелегални

Во изјава за ТВ АЛФА, професорот и поранешен пратеник, Александар Спасеновски вели дека ваквиот потег на Џафери е нелегален.

-Во точката 8 од главата V на Деловникот многу јасно е утврден начинот на гласање во Собранието. Претседателот на Собранието има право да повика да се гласа и да го констатира исходот од гласањето; Повторено гласање, при неизгласување на одредена точка, може да има единствено како поименично јавно изјаснување на пратениците во случај на разлика помала или поголема од 5 гласови на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници. Предлог законот за ЈО не беше изгласан бидејќи не го доби потребното мнозинство од 80 пратеници и немаше можност за повторено поименично гласање. Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање немаат никаква заснованост во Деловникот, односно истите се нелегални, вели за Алфа, Александар Спасеновски.

 

Најнови вести

Коронавирус