четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 77
home Вести

Експертите согласни: Власта преку Собранието сака да ги потврди неуставната одлука на Пендаровски и противзаконските владини одлуки

Експертите согласни: Власта преку Собранието сака да ги потврди неуставната одлука на Пендаровски и противзаконските владини одлуки

Група пратеници бараат свикување на Парламентот за наводно да ја потврди одлуката на претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба – иако потврдување или не на владините уредби со законска сила може да направи и идниот парламентарен состав.

Кои се заткулисните игри кои ги игра Владата?

Има ли страв кај владеачката партија дека некои уредби со сила на закон ќе бидат прогласени за незаконски од идниот парламент во кој би биле опозиција?

Или сепак најголемата причина за инцијативата на СДСМ за свикување на парламентот е можноста ако имаат „поволем ветер“ да направат брзи „корона избори“ во јули?

Од една страна ги имаме одлуките на претседателот Стево Пендаровски кој додека прогласуваше вонредна состојба потенцираше дека тоа го прави тој бидејќи Собранието не може да се свика.

-Јасно е дека уставотворецот нема предвидено ваква ситуација: Собранието да не работи и да не може да ја потврди мојата прва одлука за вонредната ситуација. Во ситуација кога пратениците земаат плата, кога ниту еден од нив нема побарано апанажа која следува по завршување на мандатот, што значи дека тие се се уште со валиден мандат, а Собранието, сепак, не работи, јас ја преземам одговорноста со носењето на ваква одлука, само затоа што имаме ситуација без преседан кога е далеку поважно да ги сочуваме животите и здравјето на луѓето, отколку да се криеме зад правни толкувања. Затоа, сакам да го разјаснам и следново: постојната вонредна состојба завршува денеска поради истекот на рокот од 30 дена за кој беше утврдена и нема да биде формално правно продолжена бидејќи за тоа нема уставен основ. Затоа, јас, денеска, врз основа на нов образложен предлог од Владата, а во ситуацијата кога Собранието не работи, ќе донесам нова одлука за утврдување на постоење на вонредна ситуација за период од 30 дена на целата територија на државата, рече тој кога по втор пат прогласи 30-дневна вонредна состојба.

А сега одеднаш, СДСМ бара пратениците да ја потврдат одлуката на Пендаровски. Па така, прво скришум договорија, а потоа потпишаа и предадоа иницијатива за свикување на Собранието кое е САМОраспуштено.

Нивниот чекор може да се протолкува како обид да се амнестираат себеси од одговорност за многу работи кои се случија изминатиов период. Власта е свесна за своите погубни политики, па за да заташка определени работи, ќе бара амин од пратениците. Само за да ја ублажи одговорноста за незаконски одлуки, која многу се има насобрано.

КУРИР денес побара став од професор Александар Даштевски.

-Сметам дека Претседателот на државата во координација со владата донесоа избрзана одлука за продолжување на вонредната состојба  уште 30 дена, спротивно на Член 125 од Уставот на Репувлика Македонија, лекомислено сметајќи дека поради пандемијата никој нема да реагира. По реакциите во јавноста одлучија да се обидат да го свикаат Собранието, бидејќи покрај основот за „импичмент„ на претседателот на државата,  и барање на одговорност, заклучија дека техничката влада има донесено повеќе противуставни и противзаконски одлуки кои се политички мотивирани, и немаат никаква врска со оваа состојба, воедно и противуставни, односно спротивни на Членот 126 од уставот,вли тој во изјава за КУРИР.

Сега, смета професорот, СДСМ го свикува Собранието за да ја амортизира штетата која е нанесена од нивна страна.

-Сега сакаат да го амортизираат тоа преку свикување на седница на Собранието и верифицирање на овие противзаконски одлуки, бидејќи после изборите можат да имаат сериозни проблеми. Овие грешки се во спротивност и на препораките на Советот на Европа, на кој Македонија е членка, а тој претупредува државите да внимаваат какви одлуки ќе се носат, бидејќи ако се прекршуваат човековите права, уставот и законите ќе се смета дека земјата спроведува тоталитарен режим, истакна Даштевски во изјава за КУРИР.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен претседател на Парламентот, Трајко Вељаноски, во  вчерашната изјава за КУРИР рече дека иницијативата на СДСМ повторно да се свика распуштеното Собрание на Македонија е неуставна и неделовничка.

-Во однос на иницијативата сметам дека е неуставна и неделовничка затоа што согласно претходната одлука за распуштање на Собранието истото не може повторно да продолжи со работа се додека оваа одлука е полноважна, вели Вељаноски.

Тој додава дека во однос на на одржување на изборите за кои е јасно дека форсира СДСМ  потребно е да се создадат услови во кои граѓаните слободно ќе одлучат за кого ќе гласаат и треба да се овозможи што поголем број на граѓани да гласаат без никакви мерки и други ограничувања кои  во моментов постојат во нашата земја.

Власта преку Собранието сака да ја потврди неуставната одлука на претседателот Пендаровски за вонредна состојба по втор пат и да им даде легитимитет на спорните уредби со законска сила, сметаат експертите.

Според професорот по уставно право и поранешен претседател на Собранието Саво Климовски не постои основ во вакви околности да биде свикан собраниски состав кој е веќе распуштен.

Пратениците веќе се самораспуштиле и го чекаат денот на изборот на новите пратеници за да им го предадат мандатот. Тие се веќе бивши. Треба да бидат свесни дека се веќе бивши пратеници , вели Климовски.

Според него ниту членот 63 од Уставот кој предвидува продолжување на мандатот на пратениците во вонредна или воена состојба не мопже да биде алиби за ваквиот потег бидејќи Пендаровски неуставно ја продолжи вонредната состојба за уште 30 дена. За екс претседателот на парламентот особено е спорен фактот што во услови на вонредна состојба предизвикана од ковид 19 две третини од владините уредби не се директно поврзани со корона вирусот.

-При првото прогласување на вонредната состојба можеби и можеше, но во ваква ситуација навистина нема основ. Противуставно е продолжена. Тој требаше во рок од тие 30 дена ако сакаа пратениците да бидат доследни на себе и ако имаат некои забелешки дека владата не постапувала како што треба и Пендаровски да има обраќање и да им каже што направил,а тие да одлучат што ќе прифатат, а што не, вели Климовски.

Професорката Силјановска Давкова праша зошто пратениците од Собранието кои се самораспуштени заради одржување на предвремени избори не реагирале на одуката на претседателот Пендаровски за донесување на вонредна состојба која тој сам ја донесе дококу се сметале за легитимни.

-Ние не чувме од овие пратеници претходно зошто претседателот да донесе одлука за прогласување на вонредна состојба кога еве ние сме легални и легитимни, кажа Силјановска – Давкова.

Таа истакна дека е точно дека во деловникот има одредба според која претседателот може да свика седница или пак седница може да побараат на Парламентот 20 пратеници.

-Но седница на Парламент кој што е во заседание, а не на Парламент кој што се самораспуштил, поенцираше професорката.

Дополнително, Силјановска Давкова кажа дека ако пратениците функционираат не може претседателот да носи одука бидејќи одлуката за прогласување на вонредна состојба е всушност одлука што ја носи Собранието.

-Е сега не ми е јасно, мене не ми е јасен ни претседателот  Ако тој сметал дека пратениците се легални и легитимни па како тогаш посегна самиот по донесување на одлука за вонредна состојба. Утре може некој импичмент да покрене за ова, кажа Силјановска Давкова.

На крај таа посочи дека исто така уредени со законска сила не може да носи Владата ако Парламентот може да заседава и таа материја да си ја регулира со законик.

Коронавирус