среда, 8. декември 2021. Вести денес: 106
home Вести

Експерти за пожари од Франција на увид на пожарот кај Ласкарци

Експерти за пожари од Франција на увид на пожарот кај Ласкарци

Во земјава пристигнаа експерти за високо ризични пожари од Франција, од Црна Гора и од САД, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски.

Тој нагласи дека со француксите експерти имале конструктивна средба и тие веднаш стапиле во акција.

–Ги однесовме на лице место од тло да го видат пожарот во село Ласкарци, а потоа веднаш по половина час им беше овозможено и од воздух да го разгледаат теренот, за потоа да се организира состанок во Противпожарната Бригада во Скопје, на кој што беа разгледани можности, како, кој методи и кој тактики да се преземат бидејќи пожарот е на исклучително стрмен терен, додаде Бојаровски.

Портпаролот на ЦУК нагласи дека примарна цел е да се заштитат околните населби, за кои, како што нагласи, засега нема опасност.

–Сепак треба да се разработат сите тактики и методи за што сме благодарни на сите помагатели од странските пријателски држави, изјави Бојаровски.

Најнови вести

Коронавирус