среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 34
home Вести

Eксперти: Модуларните болници не треба да се употребуваат додека не се утврди причината за пожарот!

Eксперти: Модуларните болници не треба да се употребуваат додека не се утврди причината за пожарот!

Во Македнија воопшто не постои систем кој што ќе ги заштити граѓаните од вакви несакани последици – од самиот почеток на воспоставување на модуларните болници сме под постојан ризик дека ваква трагедија може да ни се случи и утре. Кога беше отсечен доводот на кислород во тетовската модуларна болница која што функционираше само доколку има стабилен довод на кислород, а притоа истрагата не даде речиси никакви резултати, можеме да се посомневаме дека вакво нешто може да се случи повторно и повторно, вели за АЛФА универзитетскиот професор Никола Дујовски.

Тој апелира ведаш да се проверат сите модуларни болници, дел од ескпертите дури ценат дека е потребно да се затврат истите се’ додека не се открие вистината за ужасниот пожар кој одзеде 14 животи.

-Тоа што веднаш треба да се направи, е да се обезбедат сите други модуларни болници, да не се случи некоја од другите болници, макар таа на паркингот пред инфективната клиника во Скопје или сите други да ни се повтори вакво нешто.Затоа што ако можеше таму да се случи за 3 мин., ништо не укажува на тоа дека нема да се случи на друго место.Затоа потребно е веднаш превентивна поверка на матерјалите од кои што се изградени на начинот на кој се раководи, на начинот кој влегува и кој излегува од тие болници и како се третираат болните, тоа е работа на органите сега, изјави д-р Дујовски.

Оваа насреќа покажа дека нашите институции немаат кондиција и не се добро оспособени или подгответни за справување со неочекувани појави.

-И тука апсолутно треба државните органи да се бескомпромисни кон одредбата, ако треба да се затвори, да се затвори, подобро нешто да не предизвикува опасност  околку да имате нешто со што ќе ја намалувате сигурноста на граѓаните. Ние на овој начин уште повеќе ја зголемуваме недовербата во институциите, посебно во здравствениот систем, изјави д-р Цане Мојаноски, универзитетски професор.

Тој вели дека ние се уште немаме одговор дали навистина модуларните болници во Македонија се изградени по највисоките европски стандарди.

Експертите очекуваат истражните органи и обвинителствот независноо да си ја завршат својата улога. Тие треба да имаат одговор на сите прашања и ваквите катастрофи да бидат лекција која ќе значи носење на морална и политичка одговорност,како и носење на кривично правна одговорност.

-Имаме и луѓе каде што се инжинери, архитекти, градежни работници, луѓе кои учествувале во јавните набавки, значи имаме една системска слабост, изјави д-р Марјан Ѓуроски, универзитетски професор.

Доколку се утврди човечка вина мора да има одговорност и таа не смее да биде колективна, одговорноста мора да има име и презиме кој бил должен да превземе нешто, а не превзел-децидни се експертите.

Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение:

Локални избори 2021