петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 192
home Вести

Екскурзија во Белград, хорор филм за учениците од охридска гимназија

Екскурзија во Белград, хорор филм за учениците од охридска гимназија

Револтирани родители се обратиле до редакцијата на порталот Охрид 1, за последната воннаставна екскурзија на 100 тина ученици од Охридската Гимназија Св. Климент Охридски, кои патувале во Белград, а за која тврдат дека агенцијата „Генерал Турист“ од Охрид ја организирала катастрофално лошо, а двата автобуси на „Галеб“ имале дефекти по што децата биле оставени неколку часа на пат.

Имено, родителите се пожалиле дека и покрај тоа што однапред ја платиле сумата која им била побарана за екскурзијата, организаторот им дал само фискална сметка, но не и поединечен договор , затоа што станува за индивидуален ангажман, а не договор со училиштето.

Во договорот прецизно требало да биде наведено што добиваат децата, а што не спаѓа во цената на екскурзијата. Но, на учениците кои биле тргнати да гледаат мјузикл, картата не им била вклучена во цената, па пари собирале на рака во автобус по 600 динари или 300 денари од ученик, за на место каде картата чини 1 евро.

Родителите биле посебно револтирани што како превозник е избрана фирма која на оваа екскурзија испратила несоодветни автобуси, по што и двата завршиле со дефект.

Едниот автобус на „Галеб“ откажал потполно на враќање, на 40 километри од Белград по што учениците биле оставени да чекаат на бензиска пумпа повеќе од 6 часа, за да стигне автобус од Скопје. Другиот автобус пак бил со расипана клима, па се правеле чести застанувања за децата да земат воздух.
Родителите за Охрид1 велат дека вакви воннаставни (како што ги нарекуваат приватни бизнис екскурзии) треба да се забранат или да се воспостави силен систем на контрола кој важи за наставните екскурзии за чие организириање важат цели правилници, додека за воннаставнтие ( како оваа во Белград ) нема правила и фирмите кои се вклучуваат во неа заедно со некои професори од училиштето имаат за цел само да остварат профит, на штета и опасност по здравјето и состојбата на самите ученици кои патуваат.

Најнови вести

Коронавирус