петок, 4. декември 2020. Вести денес: 37
home Вести

Ексклузивно право на инклузија

Ексклузивно право на инклузија

Не е невообичаено професионалците да дискутираат на тема инклузија, инклузивни училници, инклузивни училишта, инклузивни наставници, инклузивна социјална средина. Невообичаено е кога терминот „инклузивно/ност“ се користи само за популистички цели и тоа од носитетелите на владини функции, па често слушаме „имаме инклузивен процес“ или „ние нудиме инклузивност“, без притоа да има суштинско значење, злоупотребувајќи го терминот со цел да се протурка нешто незаконски,  затскриено зад овој термин.

Околу терминологијата, наједноставно објаснување за инклузивност е: активна и целосна вклученост во процесот. Па, оттука не можеме да зборуваме за инклузивност доколку не се исполнети основните принципи на инклузијата.

Ниту едно лице не може активно да биде вклучено со тоа што ќе се овозможи опфат од програма во која индивидуата ќе биде третирана само како бројка или статистика. Инклузијата не е само можност за запишување на дете во предучилишна или образовна институција, туку овозможување на квалитетен воспитно-образовен процес  во предучилишните уставнови, основните и средните училишта преку исполнување на принципите на еднаквост, пристап, универзален дизајн и социјална вклученост. Таа не се сведува на  процес во кој лицата со посебни потреби ќе бидат само статистика која мери процент на вклченост на лица со посебни потреби во одредена институција, притоа неводејќи грижа за квалитетот  и воопшто за влијанието на тој процес врз секоја индивидуа вклучена во тој процес.

Инклузија не е само обезбедување на минимални парични средства за одредена магинализирана група, притоа кратејќи ги паричните средства за други маргинализирани групи. Ниту пак оставање во фиока на  11.514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице.

Инклузијата е меѓусебно поврзување со цел развој на заедницата, а не празна флоскула за кревање прашина. Таа треба да биде суштинска, вклучувајќи ги сопствените посебни одлики, вештини и способности, а најважно од се’ вклучувајќи ја  способноста активно да се биде учесник во процесот на промена на сопствениот и колективниот живот. Таа треба да биде планирана, па потоа имплементирана и реализирана, со претходна подготовака на сите учесици во процесот – што значи подготовка и активност на цело општество.

Инклузијата е мултидимензионален, релациски процес на зголемување на можностите за социјална вклученост, зајакнување на можностите за исполнување на нормативно пропишаните социјални улоги, притоа охрабрувајќи ја социјалната интеракција меѓу луѓето. Акцентирањето на „инклузијата“ во Целите за одржлив развој (SDGs) во Планот 2030 за Одржлив развој на Обединетите нации инсистира на прецизирање на социјалната инклузија и како да се постигне таа.  Од овој План, на инклузија се однесуваат целите 8, 10, 11 и 16 и тоа:цел 8 е промовирање одржлив, инклузивен и одржлив раст со создавање на работни места; Цел 10 е зајакнување и промовирање на социјално, економско и политичко вклучување на сите, без оглед на возраста, полот, инвалидитетот, расата, етничката припадност, потеклото, религијата или економскиот статус; Цел 11 е да се направат градовите и населените места инклузивни, безбедни, еластични и одржливи; и Цел 16 има за цел да промовира мирни и инклузивни општества, како и инклузивни институции.

И покрај празните тврдењa за тоа колку сме инклузивни, тоа е така само на збор. Никако поинаку. Засега „инклузијата“ е ексклузивно право на Владата на СДСМ и на оние блиски до неа,  кои се активни чинители на процесите на нерамноправност, нееднаквост, неправичност, недемократичност, корумпираност, партзација, непотизам итн.  Народот кој е исклучен (excluded) и чие мислење и ставови не се почитуваат откако СДСМ се на власт има одговор и решение на овој исклучувачки процес кој се случува во последните 2,5 години. Одгворот го знаеме сите, а официјално ќе се потврди на 12-ти април.

Мануела Крчаноска

 

Коронавирус