четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 177
home Вести

ЕКСКЛУЗИВЕН ДОКУМЕНТ НА ИНФОМАКС: Партискиот суд на СДСМ однапред знае дека рочиштето против Заев ќе се одложи

ЕКСКЛУЗИВЕН ДОКУМЕНТ НА ИНФОМАКС: Партискиот суд на СДСМ однапред знае дека рочиштето против Заев ќе се одложи

До редакцијата на „Инфомакс“ денес пристигнал документ кој бил испратен од кабинетот на претседателот на судот преку системот за соопштенија, на кој се гледа списокот на закажани судења за кои е потребно снимање со камери.

Ако внимателно се разгледа списокот, може да се забележе дека од сите закажани судења кои ги следи јавноста, снимање на рочиштето не е закажано само за рочиштето кое го води судијата Дарко Тодоровски.

Дарко Тодоровски пак, го води процесот „Поткуп“ во кој лидерот на СДСМ е обвинет за примање на мито во висина од 200.000 евра, а е закажано за 26.02.2018 година.

Оттука се поставува прашањето, дали судијата однапред знае дека судењето впрочем нема да се одржи, па воопшто не организирал камери за снимање на рочиштето, или пак намерно не закажал снимање за да се заштити Зоран Заев од јавноста. Според информациите кои ги добивме, братот на судијата Тодоровски е долгогодишен активист на СДСМ, Јордан Тодоровски, а најверојатно е и вработен како информатичар во партијата, пишува Инфомакс.

Заев е обвинет дека во улога на градоначалник на Струмица ја злоупотребил својата службена положба и наводно од локален бизнисмен барал мито од околу 160.000 евра за легализација на државно градежно земјиште.

Додека случајот беше во фаза на истрага, во јавноста се појави снимка од кабинетот на градоначалникот каде Заев зборува за наводниот поткуп. За адвокатите на градоначалникот, наводите на обвинението биле спротивни на законот. Дали ќе бараат специјалната обвинителка да го застапува и овој случај, бранителите на Заев со одговор

Првото рочиште за овој случај беше закажано за 25 јануари минатата година. Судењето досега беше одложувано повеќе пати.

Наведените причини беа различни, но целта е иста – Заев да избега од обвинителна клупа.

Најнови вести

Коронавирус