четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ЕКСКЛУЗИВЕН БРИФИНГ НА ЛИДЕР: Што ќе се слуша во следните аудио бомби за криминалите на власта?

ЕКСКЛУЗИВЕН БРИФИНГ НА ЛИДЕР: Што ќе се слуша во следните аудио бомби за криминалите на власта?

Последната недела прилично e незгодна за социјалдемократите. Се случија  две работи кои им ја комплицираат позицијата, прво експлодира бомба каде Заев се гледа што би рекол народот со “смкнат долен веш” како нарачува пресуди, а веднаш потоа се случи народ по улиците и пред судот, барем пет пати повеќе од маршот на СДСМ. Тоа предизвикува и бранување во самата СДСМ. Непријатните коментари биле постојано присутни во раководството на партијата особено за начинот на кој се справува Заев со состојбите. Блиски луѓе на Заев стравувале да не се најдат на списокот познати личности од СДСМ за кој има бомби, објавува ЛИДЕР.

Низ чаршијата и одредени кругови се говори за обемни разговори на неколку министри од владата на Заев кои се компромитирачки за истите.

-Поради коректност и неможност да располагаме со истите материјали нашата редакција нема да ги спомене со име и презиме, но ќе се потрудиме работите да станат појасни. Неформално се говори за постоење на аудио разговори кои покажуваат несоодветно и незаконско однесување на најмалку двајца министри на Заев, и разговори на еден директор и висок партиски функционер кој не е  на државна функција. Пасивизирањето на дел од партиските структури на СДСМ е последица на тоа што блиски луѓе на Заев калкулирале да не се изгорат преку докази за нелегалното постапување. На ова се надополнува и одбивањето на се повеќе државни функционери да потпишуваат документи во своите институции за да одбегнат можна идна одговорност. Се говори дека постои разговор на еден министер на кој наводно можело да се чуе како договара провизија за еден завршен тендер со странска компанија и како зделката треба да заврши со трансакција во странство. Понатаму, во друг случај истиот тој министер познат по низа скандали и по луксузен недвижен имот нудел “стратешки партнер” за еден познат медиум како начин да го превземат, објави ЛИДЕР.

Се збори и за докази за начинот на кој СДСМ ги води изборите каде се договараат пари за поткуп на гласови. Скандалозни биле и доказите за еден функционер на СДСМ кој комуницирал со криминалци од селото Грчец за одредени нелегални активности околу изборите и вадење на луѓе на гласање.

-Имало и непријатни разговори на еден градоначалник на власта. Најголем дел од бомбите се поврзани со Заев а се говори и за неколку поврзани со судии и обвинители. Дали е ова вистина оставаме времето да покаже. Но она што со сигурност може да се тврди е тензичната атмосфера во СДСМ и коментарите дека бродот што тоне треба да се спасува само од оние кои придонеле тој да потоне, пишува порталот.

Коронавирус