понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 71
home Вести

Екс пратеникот на СДСМ „распали“ по институциите и сопственикот на „Беса Транс“

Екс пратеникот на СДСМ „распали“ по институциите и сопственикот на „Беса Транс“

Не дечко, не е ова тест на Алах, ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби, вели денеска Павле Богоевски поранешниот пратеник, откако со фејсбук статус се јави Беким Хаџиу, сопственикот на превозникот Беса Транс. Хаџиу рече дека несреќата била божја волја и дека со патниците биле како семејство.

„Пет дена по трагедијата, газдата на БЕСА Транс, Беким Хаџиу конечно излезе од дупка и преку фб изрази сочуство на семејствата на загинатите, а несреќата ја опиша како “тест на Алах”. Не, дечко. Ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби.

Сите тие паднаа на тестот, давајќи ти на тебе и сличните криминалци да печалите пари на сметка на безбедноста на патниците кои се дрзнуваш да ги наречеш “семејство”.

Подобро да останеше во дупката. Срамота, напиша Богоевски.

Коронавирус