петок, 23. јули 2021. Вести денес: 134
home Вести

„Економски“: СДСМ излажа и за РЕК, каде завршуваат парите со кои требаше да набават сопствена механизација ?

„Економски“: СДСМ излажа и за РЕК, каде завршуваат парите со кои требаше да набават сопствена механизација ?

Во јавноста актуелен е случајот за РЕК Битола каде Владата кога беше во опозиција наголемо ја критикуваше тогашната владејачка партија  за корупција при набавка на приватна механизација и одолговлекување на купување  нова механизација.  Имено,  на официјалната страна на Јавни набавки при регистарот на тендери на 4 Јули стојат два договори каде договорен орган е АД ЕСМ или ЕЛЕМ. Вкупната вредност на договорите е  1,56 милиони евра со вклучен ДДВ, анализира порталот „Економски“.

Оваа влада иако ја критикуваше ваквата пракса , ја нарекуваше корумпирана и најавуваше и ветуваше дека ќе набави сопствена механизација за РЕК ништо од тоа не се случи.

Имено, Владата има потрошено над 50 милиони евра за истата намена односно за набавка на приватна механизација.

-Станува збор за анекси на стари договори од 2018 година и тоа со компанијата „МИС-КОМЕРЦ“ од Скопје, додека  другиот со компанијата „Марковски“ од Битола. Интересен е фактот  што старите договори биле потпишани на 26 јуни 2018 година со рок на важење од една година додека новите договори или анексите, се потпишани на 25 јуни 2019 година или само еден ден пред да истечат старите договори. На прашање зошто се потпишани анексите менаџментот на РЕК Битола изјави дека се последица на зголемената потреба од работни активности. Она што е симптоматично е дека токму директорот Васко Ковачевски кога беше во опозиција правеше обвинувања  за ваквата пракса, пишува „Економски“.

Исто така Ковачевски од позиција на пратеник  силно го застапуваше мислењето дека РЕК треба да купи сопствена механизација но таков тендер се уште не е распишан иако се најавуваше дека тоа ќе биде направено во месец јуни.

Јавноста ја интересира  каде се трошат парите со кои требаше да се набави сопствена механизација за РЕК Битола?

Коронавирус