понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Економската криза ги погоди сите градови и сите индустрии

Економската криза ги погоди сите градови и сите индустрии

Луѓе почнаа да ги губат работните места и во Гевгелија, која до сега го држеше приматот на град со највисока вработеност и Штип како текстилен центар.

Наши извори велат дека само во последниот месец, во гевгелискиот регион околу 300 лица ги загубија своите работни места.

– Во месец август, 300 лица ги изгубија своите работни места. Ова е втор бран на отпуштања. Првиот бран беше во месец јуни, кога околу 150-200 лица, исто така останаа без работа, вели наши добро упатени извори.

Изворот потенцира дека, поголемиот дел од отпуштањата во Гевгелија, во последниот бран се од вработените во казината, но има отпуштања и во други фирми.

Инаку, Гевгелија е град кој брои 15 илјади жители. Имајќи во предвид дека бројот на активно, работоспособно население е помал од овој, а само во последните неколку месеци својата работа ја загубиле околу 500 граѓани, тогаш процентот на невработеност е драстично зголемен, или само за овој период околу 5 проценти.

Овој феномен, не ги одмина ниту другите градови меѓу кои Штип. На скоро 50 проценти од вработените во текстилната индустрија во Штип им се закануваат откази. Конфекциите се соочуваат со намалени нарачки, некои од нив веќе имаат и откажана што доведе до затворање на една штипска конфекција. Претставници на штипските конфекции велат дека црното сценарио што го предвиделе за оваа стопанска гранка, веќе почна да се остварува.

-Сега се судрираме со намалените нарачки. Помошта од државата заврши и роковите завршија, кога фирмите до крајот на август мораа да ги држат вработените, бидејќи земале субвенции од државата. Сега доаѓаме до една лоша позиција, каде се нема поддршка и понатамошно држење на вработените, а од друга страна нарачките се намалуваат или тотално откажуваат и нема нови партнери или нема нови пазари. Слушаме дека фирмите веќе почнуваат да отпуштаат работници, вели Кирил Нашков, претставникот на штипските конфекционери во Асоцијацијата на текстилниот кластер.

Тој вели дека во моментов тешка е состојбата во овој сектор, при што додава дека процентот на намалување на бројот на работници во штипските конфекции можно да дојтигне до 50 проценти.

-Во моментов е многу тешко и сите се трудиме да се снајдеме и да најдеме некакви алтернативи, но можно е од 20, 30, па можеби и 50 отсто, вели Нашков.
Спас и решение текстилниот сектор гледа во новите економски мерки. Тие бараат итна финансиска помош од државата за да можат да ги задржат своите вработени.

Коронавирус