сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 29
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Вести

Економистите на линија со Мицкоски, стопанството крахира нема изгледи за раст

Економистите на линија со Мицкоски, стопанството крахира нема изгледи за раст

Граѓаните се дават во долгови, цените на основните производи потребни за живот се во континуиран раст додека платите и пензиите во државниот и приватниот сектор стагнираат. Економскиот раст е незабележлив иако власт се фали со своите достигнувања на полето на економијата и ја најавува 2019 година како економска година, најава кој која како граѓаните така и експертите гледаат со доза на огромен скептицизам.

Според економските експерти кои ги контактираше Курир, економскиот раст во Македонија е значително забавен последните две години, години кои коинцидираат со доаѓањето на СДСМ на власт. Да се потсетиме дека минатата година македонската економија целосно запре, а растот на БДП изнесуваше катастрофални 0 проценти, бројката од 0 проценти за жал се повтори и во првиот квартал од 2018 година. Сега власта се фали со некаков економски раст кој обичниот граѓанин воопшто не го забележува, а експертите се во линија со ставовите на опозицијата и потенцираат дека се можни манипулации со бројките на раст кои ги објавува власта.

Прогнозите на експертите се подеднакво лоши како и прогнозите на светските реномирани институции, пред се Светската банка и ММФ кои во континуитет ги намалуваат проекциите за раст на македонската економија. Имено познавачите на економските состојби истакнуваат дека компаниите и крупните сопственици на капитал не се чувствуваат доволно сигурни и не инвестираат во проширување на своите капацитети, а паралелно со падот на реинвестирањето имаме и пад на странските инвестиции. Главната причина за не инвестирањето експертите ја гледаат во правната несигурност, и економските политики на Владата кои дополнително ја забавуваат економијата, пред се најавите за нови и зголемени даноци и катастрофалната реализација на капиталните инвестиции на власта.

Лидерот на опозицијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера од Велес го повтори својот став дека ќе продолжи да говори за економијата со цел подобрување на целокупната состојба во општеството која од голема мера зависи директно од економијата.

-Многу луѓе ме прашуваат зошто зборуваш за економијата. Ќе зборувам за економијата се додека не им падне срам и додека не им биде жал за сите лаги кои ги изнакажаа ширум Македонија за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година и локалните избори во 2017. За сите ветувања кои што не ги исполнија и за сите очекувања кои што не ги реализираа, се дотогаш ќе зборувам за економијата. Затоа што ако имаме силна економија ќе немаме ваква недостоинствена и криминална влада и ќе немаме ваков премиер аболициран кои што сите ние го гледавме и слушавме како бараше евро за него, евро за Вицето, вели Мицкоски.

Тој ја напомена и корупцијата во државата како огромен проблем за стопанството, факт на кој се согласија и економските експерти кои ги контактираше Курир, кои велат дека се соочуваат со сериозен проблем со коруптивноста на државните институции.

Експертите ја делат загриженоста на Мицкоски за тоа што носи 2019 година на полето на економијата, како и критиката која тој ја дава за даночната политика на власта.

-Ветуваа 5 проценти раст на БДП, кога целиот регион книжи двојно поголеми стапки на раст од нашиот, они се горди и велат еве со нашата пиши-бриши економија успеавме да покачиме во еден квартал 3 проценти. Зарем тука завршија сите ветувања од 5 проценти. Но, она што е полошо допрва доаѓа, а тоа ќе се случи во 2019 година и не го зборувам ова за да поткревам паника меѓу граѓаните, туку да предупредам на сите црнила и темнини кои што допрва ни доаѓаат. Не за бадијала ги зголемуваат даноците, затоа што се свесни дека не можат да ја зголемат економијата со проекти, визија и структурни реформи, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според економските познавачи зголемувањето на даноци дополнително ќе ги осиромаши граѓаните, а приливот во државниот буџет на овие средства ќе биде незначителен поради сумата која е незначителна, како и поради фактот што власта лошо се справува со реализацијата на капиталните инвестиции, што значи дека овие средства многу веројатно ќе останат неискористени.

-Не е тоа целта на овие даноци. Целта е да ги осиромашат и земјоделците да ги осиромашат и оние граѓани кои издаваат определени недвижнини, оние граѓани кои што играат игри на среќа и се обложуваат, оние граѓани кои што работат како договорци на дело, затоа што персоналниот данок го зголемија и затоа што удираат директно по џебот на граѓаните и ќе ги осиромашат“, подвлече Мицкоски.

Коронавирус