вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 37
home Вести

„ЕКОНОМИСТ“ го потврди режимот во Македонија: Во нашата држава не владее демократија туку хибриден режим

Според рангирањето, Македонија и натаму останува групата држави со „хибриден режим“ и се наоѓа во иста група со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан…
„ЕКОНОМИСТ“ го потврди режимот во Македонија: Во нашата држава не владее демократија туку хибриден режим

Македонија е рангирана на 77 место во светот според Индексот на демократија во 2019 година, што денеска го објави „Економист“.

Ова претставува подобрување од само едно место во однос на 2018 година.

Според рангирањето, Македонија и натаму останува групата држави со „хибриден режим“ и се наоѓа во иста група со Албанија, Украина, Црна Гора, Сенегал, Кенија, Танзанија, Непал, Мали, Сиера Леоне, Босна и Херцеговина, Пакистан…

Списанието за демократија е квартално академско списание основано во 1990 година и e официјално објавување на Меѓународниот форум за демократски студии на Националната фондација за демократија. Опфаќа проучување на демократијата, демократските режими и про-демократските движења низ целиот свет.

Според најновото истражување на списанието авторите Левицки и Веј ја ажурираа својата класификација на аторитарни режими во светот. Заклучно со 2019-та година Македонија регресирала на ниво на авторитарен режим! Македонија е во друштво на африкански држави како Буркина Фасо, Боцвана, Мозабик, Мали и Сиера Леоне!

Со ова најново истражување, странците дефакто го пуштија Заев низ вода и го прогласија за диктатор! Националната фондација за демократија  скратено (НЕД) е американска непрофитна организација која се бави со мека моќ и е основана во 1983 година со наведената цел за промовирање на демократијата во светот. Финансирана е првенствено преку годишна распределба од американскиот Конгрес во форма на грант доделен преку Американската агенција за информации (УСАИА), односно од американската држава, а се шпекулира дека е во тесна соработка со разузнавачката агенција ЦИА. Создадена е според Програмата Демократија како двопартиска, приватна, непрофитна корпорација и, пак, делува како фондација за грантови. Покрај програмата за грантови, НЕД исто така го финансира и едитира Списанието за демократија, Светското движење за демократија, Меѓународниот форум за демократски студии, програмата за стипендии „Реган-Фаскел“, мрежата на институти за истражување на демократијата и Центарот за меѓународни медиуми како и Интернационалниот Републикански Институт ИРИ, Националниот Демократски Инстут НДИ.

Според дефиницијата на Списанието за демократија за компетитивни авторитарни режими, станува збор за земји кои започнале со транзиција во 1980-тите и 90-тите, но никогаш не успеале да станат консолидирани демократии, тие во својата дефиниција го користата и зборот хибридни режими, кои според нив комбнираат авторитарни и демократски карактеристики. Според медиумот квазидемократските институции всушност го зајакнуваат авторитаризмот. Од 46 режими помеѓу 1990 и 1995 година, повеќето или се демократизираа или беа заменети со нови автократии, односно дополнително регресирале.