среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 170
home Вести

Економијата во Македонија се уништува поради погрешните политики на СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев

Економијата во Македонија се уништува поради погрешните политики на СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Економијата во Македонија се уништува поради погрешните политики на оваа власт.

Последните показатели за реализација на капиталните инвестиции за првите два месеци во 2019 година се катастрофално ниски, 3,53%. Тоа значи дека и оваа година како лани не се гради ништо, ниту патишта, ниту училишта, ниту детски градинки, ниту болници. Тоа што самите го проектираа како капитални инвестиции во буџетот за оваа година, кој што е историски највисок, самите не го реализираат.

Ако на ова се додаде и бруталното задолжување кое ги помина сите психолошки граници, како што беше она од пред некој ден кога се задолживме за нови 16 милиони евра, тогаш многу реално е да очекуваме целосен крах на македонската економија.

За тоа колкав неуспех доживеа економските политики на троецот Заев,Тевдовски, Анѓушев покажува и последниот став на германските стопанственици кои на Владата за нејзината работа и дадоа оценка НУЛА. Над 70% од нив сметаат дека на економски план Македонија или ќе стагнира или ќе назадува. Внимавајте стопанствениците од најголемиот економски партнер на Македонија ја оценија владата како некадарна и и дадоа НУЛА.

Бесперспективност во Македонија не ја гледаат само Германците, туку и македонските граѓани. Тие секојдневно масовно се иселуваат, информатичарите бараат други дестинации, секако откако им ги скратија платите. Дури и семејните бизниси на Заеви бараат иднина во соседна Бугарија.

Животот кој што го ветуваше Заев се претвори во економска кома. Оваа економска мизерија и очај мора да престане што порано, за да не биде предоцна. Претстојните избори ќе бидат почетокот на крајот на неуспесите кои секојдневно ги сервира овој криминален картел на власт. Поразот на Заев и неговите политики ќе значат демонтирање на оваа власт и шанса за напредок на Македонија.

Коронавирус