среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Еколошка катастрофа во Македонија, а власта молчи

Еколошка катастрофа во Македонија, а власта молчи

Загаденоста во државата урива рекорди, Македонија се искачи во топ 10 држави во светот по загаденоста. Граѓаните од Скопје и Куманово се гушат. Во некои градови дури и станиците за мерење на загаденоста на воздухот се исклучени, иако овој проблем е познат во јавноста уште од минатата година. Иако власта смируваше дека ќе се вклучат мерните станици тие се уште мируваат.

Според одредени медиуми власта уверува дека до крајот на годинава граѓаните повторно ќе имаат увид во концентрациите на ПМ 10- честичките во Лисиче и Кавадарци кои лани беа на врвот на листата по загаден воздух со овие честички, а повторно ќе се мери ПМ10 и во мерните станици Велес 2, Кичево и Гостивар. Министерството за животна средина извести дека во овие мерни станици, исто како и во мерната станица Битола 1 со месеци не се мери концентрацијата на ПМ10 – честичките поради дотраени инструменти.

Дали граѓаните навистина ќе имаат увид во концентрациите на ПМ 10- честичките во овие делови од државата останува да се почека до крајот на годината за да се види.

Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, пожарите не стивнуваат. Се шпекулира во јавноста дека шумите ги палат пиромани.

Веќе неколку дена гори на Шар Планина, а активни пожари има во тетовскиот, битолскиот и во охридскиот регион. Од информациите вчера дадени од ЦУК, шумскиот пожар кој го опфаќа потегот на манастирот Св. Преображение кон селата Арилево и Горно Дивјаци, општина Крушево е сѐ уште активен. Пожарот над Попова Шапка во атарот на селото Лисец, општина Тетово е активен. Во охридски регион, активен е пожарот над селото Ќафа. Еден дел од пожарот е ставен под контрола. Гори сува трева и нискостеблеста шума.

Сето ова укажува дека овие неколку дена во Македонија се случува еколошка катастрофа, а власта не презема ништо за да се спречи ова. Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, нашата држава се искачува во топ 10 листата на најзагадени држави во светот.

Коронавирус