среда, 13. ноември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Еколошка катастрофа вечерва во Скопје: Мерачите на загаденост прегореа, а Шилегов и Заев не мрдаат (ФОТО)

Еколошка катастрофа вечерва во Скопје: Мерачите на загаденост прегореа, а Шилегов и Заев не мрдаат (ФОТО)

Вистинска еколошка катастрофа се случува вечерва во Скопје, кој изминативе денови, а особено вечерва се соочува со енормно загадување.

Во Лисиче во 21 часот беа измерени 605 микрограми, односно 12 пати повеќе од дозволеното. Кај Ректорат беа измерени 460 микрограми, додека Гази Баба 438.

Последните мерења покажуваат дека Скопје е на трето место во светот по загадувањето на воздухот, веднаш по Дака во Бангладеш и Колката (поранешно Калкута)  во Индија.

Концентрациите на штетните ПМ10 честички на некои места во главниот град беа и 12 пати над дозволеното.

На четврто место е Лахоре, град во Пакистан, на 5 место е Шангај во Кина и на 6 место е Њу Делхи во Индија.

Додека Скопје се гуши во канцерогениот воздух, а мерачите на загаденост прегореа, скопскиот градоначалник Петре Шилегов и премиерот Зоран Заев не мрдаат.