сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 112
home Вести

Еколошка катастрофа му се случува на Преспанско езеро

Еколошка катастрофа му се случува на Преспанско езеро

Откако репортажата на Инфомакс за еколошката катастрофа на Преспанското езеро предизвика жестоки реакции во македонската јавност, нашата екипа се одлучи повторно да го посети езерото и со вклучување директно во живо да ја прокоментираме катастрофалната состојба во која се наоѓа ова природно богатство заедно со техничкиот заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновски.

Во моментов езерото е повлечено најмaлку 30 метри.

Трипуновски загрижен за состојбата на езерото по снимката која ја објави Инфомакс и самиот се одлучи да ја увиди состојбата на терен.

-Денеска соогласно информациите кои што стигнаа до мене одлучив да го посетам Преспанскиот регион да се уверам во фактичката состојба во која што се наоѓа Преспанското езеро. Од она што можев да го видам ова е повеќе од алармантна ситуација што се случувуа во моментов. Ова природно богатство со ова повлекување на водата прашање е кога ќе се доведе на минимум и ќе доведе до една еколошка катастрофа, загрозувајќи најмалку 300 видови флора и фауна кои што егзистираат тука, вели Трипуновски.

Причината за нискиот водостој Трипуновски ја гледа во негрижата на Владата на СДСМ за водниот потенцијал во Република Македонија и потенцира дека ако не се превземе некаква активност да се спаси езерото веднаш голема е веројатноста да се случи голема еколошка катастрофа.

-Јас како дополнителен заменик министер ќе ги искористам сите мои законски обрски и овластувања ќе го информирам и министерството за надворешни работи, како што кажав езерото го делиме со две други држави, да видиме дали причината за губитокот на водата е можеби од другата страна и нормално министерството за животна средина кое исто така е повикано, истакна тој.

Коронавирус