недела, 7. март 2021. Вести денес: 47
home Вести

ЕК за „Република“: Потребен е попис во согласност со стандардите на ЕУ

ЕК за „Република“: Потребен е попис во согласност со стандардите на ЕУ

Европската комисија бара од власта пописот да биде одржан во согласност сo регулативите и стандардите на ЕУ.

Ана Писонеро, портпаролот на ЕК во изјава за „Република“ вели дека знаат за недостатоците на процесот и дека очекуваат тие да бидат отстранети.

-Земјите-кандидатки се охрабруваат да спроведат попис во согласност со регулативите на ЕУ, како дел од претпристапните подготовки. Применливото законодавство на ЕУ ја дефинира референтната година и програмата на статистичките податоци и метаподатоците, техничките спецификации на темите што треба да бидат опфатени во пописот. Дефинирани се и дефектите и модалитетите и структурата на извештаите за квалитет и техничкиот формат за пренос на податоци.-вели Писонеро за „Република“.

Коронавирус