сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

ЕK потврди: Албанија е шампион во интеграциите! Бујар Османи одработи за Бушати?

ЕK потврди: Албанија е шампион во интеграциите! Бујар Османи одработи за Бушати?

Според извештајот на Европската Комисија, „шампион“ во евроинтеграциите во регионот е Албанија и се наоѓа пред Македонија, пишува Радио Слободна Европа чии дописниците од Брисел имале увид во документот што ќе биде објавен на 17 април во Стразбур.

Македонската опозиција веќе 10 дена обвинува дека вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи намерно го кочи реформскиот процес со цел Македонија да биде во ист пакет со Албанија.

Во најновиот извештај на ЕК јасно стои дека има сериозни забелешки и за Албанија и за Македонија, но Албанија е пред нас, пред се поради недоволната имплементација на рефросмкиот план 3-6-9, поради што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, обвинуваше дека Османи намерно го кочи процесот за да одработи за Албанија во договор со Министерот за надворешни работи на западниот сосед Димитар Бушати

-Реализацијата на планот 3-6-9 е само 42 проценти. Реализацијата на планот 3-6-9 е под Секретаријатот за европски прашања и го води вицепремиерот Бујар Османи. Сакам јавно да го прашам Османи дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија Бушати за намерно да се оспоруваат реформите во Македонија, со цел катастрофалното ниво на реформите во Албанија да не е толку забележително и за Македонија и Албанија да бидат во исти пакет во делот на реформи за евроинтеграции? И дали му е помило Македонија да е неуспешна за помалку успешна да е Албанија? – праша пред 10 дена Николовски во емисијата „Само вистина“.

Коронавирус