недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Вести

Егзодус од Македонија со партиските списоци: Македонски диџеј моли за вработување на сестра му

Егзодус од Македонија со партиските списоци: Македонски диџеј моли за вработување на сестра му

Познатиот македонски диџеј преку статус на Фејсбук бара помош за да биде вработена неговата 37 годишна сестра која е правник.

-Јас би ве замолил доколку некој има потреба од ПРАВНИК во државава.. Мојата сестра е МАГИСТЕР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ДИПЛОМАТИЈА.. со перфекно втор научен турски јазик.. со сертификати со дипломи со сите левели и степени на највисоко ниво..

Има 37 год и е невработена во државичкава наша бидејќи има 75 страни CV.. и има пратено во над 50 места и нема добиено одговор од никого ЗОШТО НЕМАМЕ ВРСКИ…

Мојата сестра ќе треба да си оди од државава зошто тука очигледно квалитетни луѓе не требаат..

ПА БИ САКАЛ ЕВЕ НА ОВОЈ НАЧИН ДА ЗАМОЛАМ, ДОКОЛКУ НА НЕКОЈ МУ ТРЕБА човек со огромен капацитет да ми се обрати..

Би сакал сестра ми да остане во државава и да биде со фамилијата

ФАЛА ВИ МНОГУ, стои во неговиот Фејсбук-статус на Марјан Петровски (Диџеј Мац).

Инаку во меѓувреме неодана на социјалните мрежи опозицијата објави електронска порака испратена од локална канцеларија на СДСМ во општина Карпош каде се вработуваат партиски кадри, додека други молат за леб.

Во пораката која ја објави локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски неодамна се гледа дека партиската организација на СДСМ во Карпош до општината испраќа список со имиња на луѓе кои треба да бидат вработени како наставници што меѓу другото претставува и корупција.

До некои од имињата пишува дека се “наши” или “со книшка” што упатува на целосна партизација на администрацијата и образовниот процес, нешто за што реагира постојано и ЕУ и антикорупциските меѓународни асоцијации.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија