четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 96
МЕГА БОМБА

АУДИО: Заев вели дека се договарал со Мијалков и знаел дека Шилегов бил криминоген

home Вести

Егзодус на кадри од Министерството за финансии, луѓето блиски до Нина Ангеловска еден по еден си отидоа

Егзодус на кадри од Министерството за финансии, луѓето блиски до Нина Ангеловска еден по еден си отидоа

Класичен егзодус на кадри се случува во Министерството за финансии, по шефицата на кабинет Олимпија Заевска, која си даде оставка и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во странство, сега и државниот секретар на министерството Јулијана Петановска е на боледување. Нејасно е дали бара начин како да си замине од министерството или пак причина се нарушените односи помеѓу неа и министерката за финансии и земала боледување за ја спречи својата смена.

Од 2017-та до денес има одлив од дури 121 лице во Министерството за финансии.

Инаку Нина Ангеловска има и нарушени односи со заменичката министерка Ширет Елези, каде се обвинуваа преку дописи околу јавните набавки, а поради тоа трпи зградата на МФ, која полека почнува да се распаѓа поради не одржување.

Парламентарни избори 2020