среда, 24. април 2019. Вести денес: 0
home Вести

Ефтов: Заев ја лажеше меѓународната заедница и со референдумот ги наруши нејзините позиции

Ефтов: Заев ја лажеше меѓународната заедница и со референдумот ги наруши нејзините позиции

Според анализата на Васко Ефтов, со оглед дека Меркел дојде во Македонија имаше резултат 660.000 гласови на изборите.

-Ајде да го анализираме тој пат, значи вие ја носите најмоќната жена или најмоќната политичка фигура во Европа, да дојде на референдумот во Република Македонија, да агитира на референдумот во Република Македонија и на тој референдум да има 660 или 666.000 гласови. Ова не е понижување на Зоран Заев, Зоран Заев е понижен на референдумот, меѓутоа ова е стравично понижување за целата меѓународна заедница.Во тоа понижување таа можеби нема да може да им го прости на ВМРО-ДПМНЕ, но многу многу повеќе нема да може да им го прости на Зоран Заев и на својата дипломатска структура во рамките на Република Македонија, вели Егтов.

Тој вели дека високите странски политичари кои дојдоа во Македонија пред референдумот, од некого биле убедени дека тој референдум ќе биде успешен.

-Ако вие најмоќната жена во Европа ја донесете во Македонија тоа значи дека вие со неа ја гарантирате дека референдумот ќе биде успешен. Бидејќи референдумот е неуспешен тоа значи дека Ангела Меркел би била погрешни проценки, би била погрешни анализи, и би била погрешна убедување од Република Македонија. Тие погрешни проценки, анализи и убедувања можеби е ради амбасадата на Сојузна Република Германија или ради Владата на Република Македонија. Но кој и да ги има дадено, некој ја има излажано Ангела Меркел и ја има излажано целата таа меѓународна структура што дојде во Република Македонија. Го има излажано и потпретседателот на САД, господинот Генс. Сите тие дојдоа во Република Македонија, тие не дојдоа во Република Македонија да бидат понижени, тие дојдоа во Република Македонија да бидат победници. Значи некој на нив им гарантираше дека излезеноста ќе биде 50+1. Тие мислеа дека референдумот ќе биде успешен и тоа не се случи, нагласи Ефтов.