среда, 24. април 2019. Вести денес: 13
home Вести

Ефтов: Во што е храброста да се смени името на една држава?

Ефтов: Во што е храброста да се смени името на една држава?

Многумина ве разочараа за референдумот. Исто така, ќе има многумина од кои ќе бидете позитивно изненадени. Многу кариери ќе згаснат по референдумот. Многу нови кариери ќе се родат. Така одат тие работи во животот. Но, вие и пред и по референдумот ќе го имате вашиот глас (и вашата доверба која ја давате) во вашите раце, вели новинарот Васко Ефтов.

-Може да го поклонувате, да го давате или да го продавате. Тоа е ваше право. Вие тоа право може да го користите или да не го користите. Тоа е ваша и само ваша одлука. Вие сте ја нарачувале Виолета Томовска по кафани. Или сте дочекувале Нови години со песните на Дарио и Владо Јаневски. Тоа била ваша желба и ваша одлука. На 30 септември пак ќе биде ваша желба и ваша одлука. Нема да е на Заев, ниту на Мицкоски, ниту моја. Ке биде ваша и само ваша. Одеднаш вашето право станува ваша должност. Ќе можете ли да живеете со тоа? Цедето од Владо Јаневски можете да го фрлите во канта и никој посебно нема да пати или да се радува поради тоа. Но, што ќе правите со вашата должност, со ваѓиот глас. Ќе го фрлите? Ќе го чувате? Ќе го дадете? Ќе го продадете? Ќе се убедувате дека е храбро да се смени името? Или ќе прифатите да ве убедуваат дека е храброст да се смени името? Во што е храброста да се смени името на една држава? Има ли храброст во чинот да распродавате семејно благо бидејки со лоши проценки сте влезени во банкрот!? Колку во тој “банкрот” вреди вашиот глас? Дали може една генерација која ја доведе државата пред историски банкрот да одлучува за нејзината иднина? За што ќе одлучувате? Да легализирате една капитулација? И таа капитулација да ја прифатите како своја вина? Кажете ми една, само една причина зошто би легализирале една историска капитулација на една историски неспособна генерација која е историски немоќна да одговори на историската задача која им била доверена. И според која логика една историски неспособна генерација ке добие шанса да одлучува (трајно) за историјата на една држава и еден народ. Можат политицарите да ве излажат. Или да ве изневерат. Тоа нема да биде ни прв ни последен пат. И тоа не е сега важно. Сега е важно вашиот глас и вашата доверба да станат ваша должност. Ваша должност е да си го чувате семејството и да си ја чувате државата. За жал или за среќа нема кој друг тоа да го прави во ваше име. Јас ја знам мојата должност: За мене овој септември има 29 дена! – пишува Ефтов.