вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Ефтов: ВМРО-ДПМНЕ води со 20 отсто пред СДСМ кај Македонците

Ефтов: ВМРО-ДПМНЕ води со 20 отсто пред СДСМ кај Македонците

Анкетите велат дека ВМРО-ДПМНЕ води некаде со 20 отсто разлика кај Македонците во однос на СДСМ, а другата анкета која покажа дека СДСМ се доближува до рејтингот на ДУИ и АЛи Ахмети кај Албанците. Тоа е главната причина зошто СДСМ и ДУИ одат со заеднички кандидат, анализираше новинарот Васко Ефтов во својата вечерна емисија „Во центар“.

Во овој момент, таа коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети на некој начин наликува на битката на ранетите, или битката на Неретва. Всушност, станува збор за две крахирани политички структури. Зоран Заев со убедливо низок рејтинг кај Македонците, но висок рејтинг кај Албанците и Али Ахмети со рејтинг кај Албанците кој е во надолна линија, рече Ефтов.

Гледајќи ги анкетите, додава Ефтов, и едниот и другиот доаѓаат до одреден заклучок дека не треба да дозволат фер битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во првиот круг од претседателските избори.

-Тоа значи СДСМ да оди со свој кандидат, ВМРО да оди со свој кандидат, па да се види во првиот круг од претседателските избори чиј кандидат ќе има повеќе гласови. Гледајќи ги анкетите, Зоран Заев и Али Ахмети доаѓаат до заклучок дека треба да имаат консензуален кандидат. Тој консензуален кандидат треба да ги скрие грешките и лошите моменти на СДСМ кај Македонците и на Али Ахмети кај Албанците, вели Ефтов.

Затоа, заклучува новинарот, Али Ахмети и Зоран Заев одлучуваат во првиот круг од претседателските избори да излезат со консензуален кандидат.

-Тоа им го кажуваат анкетите. Анкетите кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ води некаде со 20 отсто разлика кај Македонците во однос на СДСМ, а другата анкета која покажа дека СДСМ се доближува до рејтингот на ДУИ и Али Ахмети кај Албанците. Имајќи во предвид дека и едните и другите губат, тие се обидуваат штетата да ја надокнадат или елиминираат со заеднички консензуален кандидат. Тоа е причината зошто на крајот на денот СДСМ и ДУИ се одлучија да одат со заеднички кандидат. Зоран Заев ги гледа анкетите според кои енормно губи кај Македонците, а Али АХмети ги гледа анкетите во кои губи од СДСМ и Зоран Заев кај Албанците. И сега кога двете партии се губитнички, идејата е со еден консензуален кандидат да се намалат штетите, заклучи Ефтов.